Рускиот претседател Владимир Путин учествувал во овогодинешното богојавленско капење и нурна во студената вода, соопштеное е од Кремљ.
Како што е наведено, тој тоа го направил во храмот Подмосковљу.
Минатата година Путин го направи истото во студената вода во езерото Селигер северно од Москва.
Рускиот претседател Владмир Путин (65) скокна во ледената вода на езерото Селигер, во чест на православниот обичај за празникот Богојавление.
Путин, на температура од околу шест степени Целзиусови под нулата, скокна по крстот што беше фрлен во водите на Селигер.
Секоја година православните христијани традиционално пливаат во реките и езерата со цел да го фатат крстот во знак на сеќавање на крштевањето на Исус Христос во реката Јордан.
Како што тогаш изјавил неговиот портпарол Дмитриј Песков, рускиот претседател тогаш прво ја ислушал литургијата, а потоа нурнал во езерото.