Нов циклон се ближи кон Македонија: Метеоролозите предупредуваат – очекувајте нова промена на времето

0

Во текот на следните неколку денови, поточно некаде до вторник ќе продолжи променливото време со локални послаби врнежи и тоа од дожд на ниските и снег на повисоките места и на планините, повремено мешавина од дожд и снег има услови и на некои од пониските места, информира метеорологот Славчо Попоски.

Следува период на променливо облачно време со повремени слаби врнежи од дожд во пониските места, а на планините од снег, освен во понеделник кога ќе има преодно стабилизирање.

Повеќе врнежи се очекуваат во вторник, особено во западните и јужните делови. По котлините ќе има појава на магла.

Во следните денови ќе има зголемена облачност и услови за појава на магла по котлините. До недела во западните и јужните делови од земјава во пониските места ќе има повремени слаби врнежи од дожд, а на планините од снег. Повеќе врнежи, на пониските места од дожд и снег, а на планините од снег ќе има од вторник.

Понекаде низ котлините ќе има услови и за појава на замрзнат дожд па затоа крајна претпазливост.

Ќе биде претежно тивко и покрај тоа што на некои места ќе дува слаб ветер од променлив правец па така по одделни котлини и речни долини ќе има услови за појава на магла и на ниска облачност.

Минималните температури на воздухот само понекаде ќе се спуштаат под нулата додека истите на повеќе места ќе бидат околу нулата.

Максималните дневни температури пак ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 10 степени додека на југоисток истите можно е да се искачуваат и малку над 10 степени.

Веќе од вторник па натаму како што веќе и најавивме и информиравме, под влијание на изразен циклонски систем кој ќе се формира некаде над Италија ќе имаме почести и поинтензивни врнежи од дожд на ниските и снег на повисоките места и на планините каде снежната покривка значително ќе се зголеми, повремено врнежи од дожд и снег ќе има и на некои од пониските места особено на западот и северот од државава.

Претходна статијаПутин ја испочитува традицијата – За Богојавелние нурна во студената вода ВИДЕО
Следна статијаСе огласи и градоначалникот на Аеродром Марин, по објавите дека се допишувал со сопругата на Саше Политико