Наташа Павловиќ, водителката на популарната емисија „Практична жена“, веќе неколку години е во брак со српскиот продуцент Предраг Павловиќ. Во едно скорешно интервју таа одговараше на приватни прашања, па кажа и за проблемите во бракот. Вели, ги решава со карање и дека кавгите се неизбежни во секој брак.
„Кога имам проблем викам. Тогаш тој знае дека сум навистина лута и дека не можам да се контролирам. Па честопати знае да се повлече и да ме остави да се смирам“, рекла Наташа во интервју за магазинот „Ало“.
Таа во интервјуто додала дека не е многу љубоморна и дека со текот на годините научила да се бори со љубомората.
„Работата му е таква што честопати е надвор од дома, во друштво на убави жени. Одамна не размислувам каде е, оти ќе полудам“, искрено раскажала водителката.
Наташа е поранешна глумица. Родена е во Загреб 1975 година. Пред да се омажи за Предраг, четири години била во брак со глумецот Марко Живиќ. Со Предраг Павловиќ има две деца.