Пристигнува нов студен бран кој ќе трае од 14. до 16. јануари, а нема да го заобиколи ниту Балканот.
Снежно невреме и лавини оваа недела создаваат големи проблеми низ Европа, најпрво во Австрија и Германија, каде загинаа 26 лица.
Според прогнозата која ја објави Север Ведерјуроп, крајот на екстремните зимски врнежи се уште не наѕира. Пристигнува нов студен бран кој ќе трае од 14. до 16. јануари.
Во источна и средна Европа пристигнува нов арктички бран кој ќе донесе многу лчаден воздух, нови обилни врнежи од снег и снежна бура на Алпите.
Поради тоа денеска во Австрија ќе наврне два метри снег.
-Голема снежна бура ќе започне од северните Алпи, посебно во делот на северна и западна Австрија, јужна Германија и источна Швајцарија. Се очекуваат најмалку 100 до 120 сантиметри на свеж снег до вторник наутро, иако веќе има натрупано 500 сантиметри снег – предупредува Север Ведерјуроп.
Австриските власти го подигнаа нивото на тревога од лавини на највисоко можно во неколку региони, а околу 350 жители на германската покраина Баварска се затрупани под снег.
Во некои делови на Австрија и на југот на Германија и понатаму се затворени училиштата, а блокирани се и неколку автопати.
Блокиран е патот близу Минхен, а спасувачите на камиони се обидуваат да достават храна до завеаните заедници во Баварска.
Опасноста од лавини се зголеми во текот на ноќта, а во Штаерска опасноста од лавини е подигната на највисоко петто ниво, пишува хрватски индекс.
Во Долна Австрија околу 270 домаќинства се без струха, а најпогодени се окрузите Мелк, Шејбс Лилинфелд, а прекинот со снабдување со електрична енергија предизвикан е од дрвја паднати на електрични водови и искинати кабли.