Лила се потсети на старите времиња – Објави слика пред 15 години

0

Лила важи за една од најубаво облечените жени од јавниот живот. Но, освен тоа што е вешта во изборот и сложувањето на модни комбинации, Лила е вистинска перфекционистка и кога станува збор за ентериерот во домот.

Нашата попуалрна водителка не го крие своето интимно катче каде ги полни батериите, па не ретко на социјалните мрежи прикачува фотографии од нејзиниот префинето уреден дом.

Колку што ја сака модата, Лила исто толку го сака и уредувањето и често знае да покаже во каков амбиент моментално дише нејзиот стан, особено кога се празници и го декорира според обичајот со интересни и тематски детали.

Лила е голем љубител на цвеќето, а според приложеното таа постојано сака да го има околу себе, како во внатрешноста така и на балконот каде ужива пиејќи го своето кафе.

Во една прилика во квизот „Се или нешто“ спомена дека не сака постојано ист амбиент, па затоа често знае да прави промени во уредувањето и да внесе нова свежина.

Кога е во прашање приватноста, нашата позната ТВ водителка Лила Филиповска секогаш пред обожавателите и следбеници споделува повеќе детали од својот живот, освен кога е љубовта во прашање, па е повеќе резервирана, како што вели за да има повеќе среќа.

И овој пат беше така. Имено, Лила за првпат на својот Инстраграм профил објави ретро семејна фотографија на која таа е бебенце во рацете на мајка си, а до нив е и нејзината поголема сестра.

За оние што не знаеја, Лила е родена во Гетеборг и таму живеела се до 12 години, а и денес знае да отиде таму, односно кај сестра си.

Есента ги разбуди сеќавањата на нашата популарна водителка, а тоа несебично го сподели со своите обожаватели.

Еве ја Лила бебенце:

Лила Филиповска сподели фотографија на социјалните мрежи од пред 15. години.

Да се потсетиме како изгледаше водителката тогаш.

Претходна статијаНов услов од Европската унија за Македонците доколку сакаат да остане безвизниот режим
Следна статијаАнастасија Петреска ужива во бременоста ФОТО