Нов услов од Европската унија за Македонците доколку сакаат да остане безвизниот режим

0

За да остане безвизниот режим, ЕУ од осум југоисточноевропски земји бара поголеми напори во борбата против организираниот криминал и несаканата миграција. Меѓу тие земји е и Македонија.

Македонија, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Грузија, Молдавија и Украина досега ги остварија своите ветувања, но мора да сторат повеќе за нелегалната миграција, изјави еврокомесарот надлежен за прашања на миграцијата, Димитрис Аврамопулос во Брисел.

Од Македонија се очекува натамошно зајакнување на граничните контроли, со целосно почитување на фундаменталните права, продолжување на информативните кампањи за правата и обврските за патување без визи, подобрување на ефективноста во спречувањето на организираните криминални мрежи, како и подобрување во делот на истраги и подигнување обвиненија против осомничени лица.

Во најновиот извештај на Европската комисија во врска со другите земји се оценува дека бројот на мигранти кои од Украина, Србија и Босна и Херцеговина дошле во ЕУ е и натаму висок.

Претходна статијаЈелена Карлеуша ја искоментира средбата меѓу Драгана и Цеца
Следна статијаЛила се потсети на старите времиња – Објави слика пред 15 години