Заминав да скијам во Банскo, ама ова Македонците ми уништија се – како снег да не виделе

0

До редакцијата на Галама.мк пристигна писмо од еден наш револтиран читател кој опишува со што се соочил додека викендов бил во соседна Бугарија, поточно во Банско каде заминал да скија. Писмото на читателот Давор П. ви го пренесуваме во целост:

Претежно секое зимо одам на скијање, Австрија, Франција, но и Бугарија. Викендов се решив да заминам во Банско поради краткиот период и близината од нашата држава. На пат тргнав со мои двајца другари, па уште на границата наидовме на проблеми. Снегот кој паѓаше направи големи проблеми, а и гужвата од автомобили си го стори своето.

Но патот помина добро, стигнавме во Банско, се сместивме, купивме ски пасови и се упативме кон гондолата. Но огромна редица, вообичаено за Банско и ова време од годината.

Стигнавме на стазата, започнавме вообичаено да се спуштаме, но што да ви кажам, или што да видите, сеедно. По стазата наместо да се скија со скии или сноуборд, се шетаа и тоа облечени со летни патики, ги пуштиле тоа децата, па се сликаат, па се местат, уште што ли не. Некој си запалил и цигара, мислиш излегле на кеј да се шетат.

Ај што ние не можеме слободно да скијаме и ни пречат, полошо за нив. Ризикуваат да ги повреди некој, така по јакна и патики, без заштите шлем се шетаат. Не е тешко да погодите кои се тие. Па нашите мили Македонци. Луѓето слушнале нешто, Банско, познато место, атрактивно, па ајде ќе се прошетаме.

Сето тоа убаво, имате сауни, базени, кафани, улички за прошетка, локали ама да се разбереме, да се шетатe по стаза и да се сликата ми е малку глупаво, не малку, туку многу, за никаде што би се рекло.

Претходна статијаСопругот го сакав и бевме најдобри пријатели, но цело време се чувствував како да му бев мајка
Следна статијаАлександра Накова проговори по разводот со Никола Гајдаџиев