Сопругот го сакав и бевме најдобри пријатели, но цело време се чувствував како да му бев мајка

0

Прекинувањата на врската секогаш се тешки, но кога сте во врска со љубовта од школските клупи, понекогаш е тешко да препознаете дали е време за да заминете. Поранешната менаџерка на банка во Австралија Кара Вилијамс сфатила дека љубовта нема да трае шест месеци пред најавената венчавка, но сепак се омажила. Бракот и се распаднал кога имала само 24 години.

„Тоа е тешко да го ставите на хартија затоа што звучи грубо, но љубовта и животот не се секогаш црно и бело. Јас него го сакав и бевме најдобри пријатели, но во многу случаи се чувствував како да му бев мајка“, напиша Кара на својот блог, а потоа објасни како се започнало кога имала само 15 години.

„Помеѓу училиштето и работата во локалниот супермаркет, не очекував дека би можела да сретнам момче за ое ќе се омажам. Кои беа моите цели?

Што сакав да постигнам во животот? Не ги знаев одговорите, но во едно бев сигурна – не сакав животот да ми биде просечен“, признава блогерката. Шест месеци пред венчавката, вели, знаела дека нејзиниот сакан не е вистинскиот, но продолжила понатаму, сметајќи дека така треба да биде.

„Можеби така треба да изгледаат сите сериозни врски? Можеби тоа значи да се биде во брак, можеби љубовта се развива со времето? Можеби тоа се чувствува кога со некој планираш живот? Немав пријатели со слични искуства, но сите ми даваа поддршка. Сепак тоа беше шок, претпоставувам. Од страна изгледавме како сладок пар д детството, но длабоко во себе патев“, вели Кара.

Околу 18 месеци пред и по разводот се оддалечила од сите, дури и од семејството. Престанала да им се јавува на луѓето да дојдат на вечера или да се дружат, затоа што, како што вели, се чувствувала забрането. Тогаш полека почнала да се гради себеси и да посетува психолог.

„Години подоцна, по раѓањето на својот син Том, морав да се спречам да навлезам во истиот образец со мојот втор сопруг. Му предложив да ми се придружи во мојата деловна авантура. Тој беше сомнителен, но јас притискав. Тогаш сфатив дека тоа е моја цел и мој сон, а не негов“, вели таа и додава:

„Мојот втор брак е она што е затоа што научив толку многу работи за себе во првиот брак.Благодарна сум на тоа искуство затоа што ме научи како да се да се развивам напред и да научам каква врската може и треба да биде. Секој однос бара труд, но дури кога и двете страни знаат кои се и што се, тогаш тоа може да биде прекрасно партнерство. Секогаш ќе бидам благодарна на својот прв сопруг за лекциите кои ми ги подари за да ги научам“.

Претходна статијаФОТО: Дедо Усеин за две години, сам со своите две раце и две нозе изгради мост
Следна статијаЗаминав да скијам во Банскo, ама ова Македонците ми уништија се – како снег да не виделе