Бегството на Груевски е срам на Зоран Заев и Оливер Спасовски, изјави вечерва новинарот Зоран Божиновски во Само вистина на Канал 5.
Тој вели дека не се работи за договор, туку дека екс премиерот, Никола Груевски избегал поради опуштеноста на Спасовски.
Божиновски тврди дека лица од Дебар му помогнале на Груевски да избега.
„Во Република Македонија нема патриотизам, има пералница на пари“, рече тој.
Новинарот вели дека нема да открива повеќе детали за бегството, туку ќе остави нешто и за Заев и Спасовски.