Снегот и вечерва направи проблеми: Блокирани неколку делници ширум Македонија

0

ЗАБРАНИ ЗА СООБРАЌАЈ: На патниот правец крак Маврово – Дебар од 17:20 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила.

На патниот правец Гостивар – Кичево (и обратно) преку планинскиот премин Стража од 17:35 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила.

На патниот правец Тетово – Попова Шапка од 20:00 часот се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила и автобуси. За останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места во северозападните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на екипите на ЈП Македонијапат. Во североисточните и југоисточните делови од државата коловозите се наместа влажни.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Претходна статијаЌе се проверуваат исправите: Илјадници Македонци со бугарски пасоши се со адреса на бандера за струја
Следна статијаБожиновски: Бегството на Груевски е срам на Зоран Заев