Банката по грешка и уплатила 4,6 милиони долари на сметка – студентка направила „чистка“ на продавниците

0

21 годишната Кристин Џиаксин Ли, го доживеала најголемото изненадување во животот кога на својата сметка видела дека има 4,6 милиони долари повеќе, кои по грешка и ги префрлила локалната банка.

Наместо да ја пријави грешката и да ги врати парите, таа отишла во шопинг, па потрошила 3 милиони долари брендирани ташни и кондури, пред да го примети банката овој пропуст.

Оваа грешка била направена во 2012, но се до 2015 банката не можела да добие судски налог за повраток на парите. А за овој период оваа студентка станала горд сопственик на многу скапи работи.

Кристин за еден ден потрошила 220.000 долари во продавницата на ДИОР во Сиднеј, а за една ташна од крокодилска кожа дала 150.000 долари.

Таа е уапсена на лет за Европа, а пред судот рекла дека помислила дека родителите и пуштиле пари, затоа што се сопственици на ресторан во Малезија. Кога ја прашале колку пари и останале, таа рекла дека има уште 4.000 долари во кеш.

„Мајка ми ќе дојде во јуни со чек и ќе ги врати сите пари. Тие знаат што сум направила и не се премногу задоволни со моите постапки“, рекла студентката.

Банката успеала да врати 1,5 милиони долари, кои Кристин пробала да ги сокрие на својата Пејпал сметка, но остатокот ќе мора на друг начин да го врати.

Претходна статијаФОТО: Раста за првпат фатен со новата девојка по разводот од Ана Николиќ
Следна статијаЦиклонот Невен зема замав: На овие места вее снег моментално