Циклонот Невен зема замав: На овие места вее снег моментално

0

Во следните часови над Јадранот ќе се формира секундарен но плиток циклонски систем кој во следните денови во најголем дел од Балканскиот Полуостров ќе условува поинтензивни снежни врнежи со што речиси насекад еќе дојде до формирање на позначителна снежна покривка, информира метеорологот Славчо Попоски.

На пониските места ќе се формира снежна покривка од 10 до 30 сантиметри, на некои места и повеќе додека на планинските дури до околу 50 сантиметри – локално и повеќе.

Поради ваквата ситуација гражаните доколку овие денови планираат да патуваат во регионот да бидат внимателни и задолжително со себе да си понесат зимска опрема, оние пак кој се лубители на зимскиот спорт следните денови тоа можат да го направат на скијачките центри низ регионот.

Што се однесува пак до снегот во Македонија, засега во значителни количества не го очекуваме освен во вид на провејување како што и најавивме уште пред неколку денови и ќе го има во вид на локално провејување денес (четврток) попладне и навечер како и утре (петок) особено претпладнето.

Денеска попладне и во текот на ноќта, како и утре претпладне врнежите ќе бидат од снег и повеќе ќе бидат застапени во западните и во јужните делови каде на места ќесе формира снежна покривка.

Снег низ Македонија. Според временската на Accuweather снег вее во Битола и Охрид, додека дожд има во Кичево.

Претходна статијаБанката по грешка и уплатила 4,6 милиони долари на сметка – студентка направила „чистка“ на продавниците
Следна статијаСнег вее низ Македонија – вечерва е бело во овие градови