ДОМ разочарана од Владата на Зоран Заев

0

„ДОМ изразува големо разочарување што Министерството за финансии не ги прифати амандманите поднесени од пратеничките од ДОМ, за дополнителни 34 милиони евра за почист воздух, колекторот за Охридско Езеро и пречистителната станица за Дојранско Езеро.“ – стои во партиското соопштение испратено утрово.

„Министерството за финансии пропушти да го „нормализира“ скромниот буџет за животната средина токму во деновите на енормна загаденост на македонските градови Скопје, Тетово и Битола, кои се „прославија“ со првите позиции по загаденост во светот!

Упатуваме апел до Владата, да ги уважи аргументите на екологистите и да излезе во пресрет на барањата на граѓаните, за пристоен буџет за ефикасна борба со загадувањето.

Бараме да ја искористи можноста за последна интервенција во Буџетот пред неговото носење на пленарна сесија и од други ставки, да префрли средства на ставката „Програма за намалување на аерозагадувањето“, за која во моментов се одвоени само 1,6 милиони евра!

Така ќе покажеме дека заштитата на животната средина е наш стратешки приоритет и ќе овозможиме дополнителни средства од донаторите.“ – велат од ДОМ

Претходна статијаОвој хороскопски знак до крајот на годинава ќе добие понуда за брак
Следна статијаФОТО: Се породи Гога Секулиќ – ова е првата фотографија од бебето кое има необично име