Мразам да почнувам да пишувам со оние излитени фрази и со оние клишеа со кои почнуваат сите напишани раскази и написи, мене тоа ми е глупо, па нема ни да почнам така.
Сега можеби ќе речите дека сум себична но ни јас не бирам што да бидам и каква да бидам, таква сум каква што сум.
Сакате моја приказна? Ќе ја имате, но не, ни одблиску не очекувајте дека тоа ќе бидат напишани редови со радост и среќа, не, никогаш не пишувам за поимите кои што не ги познавам.
Ќе почнам вака… моето име не е важно, не се важни ни годините затоа што ни јас веќе не ги бројам а и зошто би ги броела кога за 2 месеци преживеав и видов повеќе отколку еден 100 годишен старец.
Мислите 2 месеци се малку? Можеби гледано од вашиот агол, од мојот не, воопшто, тие беа пеколни, тие беа месеци во кои животот го живеев како да се движам низ 9те круга од Пеколот на Данте Алигиери.
Ја знаете таа книга? Е јас живеев и помрачно од сето тоа.
Пак викате дека сум себична? Не!
Целиот свој живот го поминав со мајка ми и сестра ми, татко ми никогаш не го ни запознав, починал кога сум имала 2 години, зарем можам да се сеќавам на него? Не, знам. Но за мајка ми и сестра ми би го дала и својот живот, би дала се, би вратила се, би направила се… не можам ништо, знам.
Ова е моја приказна, приказна за пеколните 2 месеци од мојот, од далеку брилијантен, живот. На почетокот можеби и изгледаа брилијантни. Тогаш сакав, мислев дека можам се, никогаш не сум се чувствувала така, го запознав Стефан, мислев дека само јас сакам но сум се лажела, двајцата сакавме… и секогаш тоа што е убаво кратко трае, трепнав снема се, се потона во неповрат, јас згрешив, за него јас згрешив. Зошто помислив да сакам кога за мене не е тоа? Зошто сакав кога никој и ништо не ме тераше? А сепак имаше некој и нешто, не е важно, се снема, се што јас допирам потонува, го снемува.
Пак викате дека сум себична и како можам да се жалам кога сум го имала тоа што некој со голема желба го бара?
Ех……………
Беше јануари, најужасниот месец, кога ќе го видам во календарот пробувам да го искинам, да го нема, да го избришам, да вратам се… и, пак не можам ништо.
Беше негде на средината на јануари, беше 14 јануари, утро, лежев сама пред каминот, мајка ми и сестра ми заминаа уште минатата ноќ кај дедо ми кој беше в болница, имаше мали проблеми, мене ме оставија затоа што не ми беше добро, им ветив дека ќе појдам со автобус следниот ден, имав некое чудно чувство, заѕвона мобилниот го кренав набрзина, тоа беше Стефан, зборувавме повеќе од половина час, ми кажа толку убави работи, таков беше тој, бевме различни, јас бев таа дивата тој беше романтично момче со сјаен поглед, спротивностите се привлекуваат, така се смееше сестра ми со нас кога ќе не видеше… ах сестра ми… тогаш заѕвона домашниот телефон, му прекинав на Стефан и ја кренав следната слушалка… ми застана срцето, знаев дека нешто се случило, тоа беше вујко ми, не рече ништо освен тоа дека треба да разговараме и дека ќе дојде да ме земе да не излегувам од дома, како да ми падна мрак пред очите, се здрвив, го прашав што се случува ми рече е се видиме ќе ти кажам, криеше нешто…седнав до прозорецот и солзи ми капнаа од очите, се прашував зошто… помислив дека можеби му станало нешто на дедо ми, потоа се запрашав зошто не се јави мајками, помислив дека и е тешко затоа не можела да зборува… но зошто не се јави сестра ми… тоа беше моето второ прашање, затреперив, не можите ни да замислите како се чувствував, мрак, темно, ладно, се ми беше измешано.
Седев така половина час, стигна вујко ми, ме прегрна цврсто, нозете не ме држеа, паднав пред него и извикав “Мајка ми! Каде е?”……….. неговата прегратка стана уште поцврста.
Знаете што се случило? Имаше невреме, снежно невреме, мајка ми загубила контрола над автомобилот, излетале од патот.
Зошто јас не бев во тој проклет авотомобил таа вечер? Зарем мораше да останам дома и сега да живеам во пекол? Ах, и кога би влегла во колата само јас би го преживеала тој пад, за да страдам, родена сум да страдам.
Како ми беше? Не знаете, не ни викајте дека можете да замислете, никој не може.
Ја загубив мајка ми, ја загубив а таа вечер не и кажав ни колку многу ми значи, ни колку многу ми помогнала, ни колку многу ја сакав… себична сум, лоша сум, никогаш не ги викав тие зборови, не леев емоции, се каам, ужасно е, потребна ми беше, и сега ми е.
Останав само да ја гледам сестра ми како беспомошно и падната во кома лежеше на белиот кревет, не плачев ни пред неа, ни неа не и кажав ништо топло, зарем ќе ја вратев? Прекасно ги поставувам овие прашања.
Сестра ми не се разбуди, на два месеци откако ја ставивме мајка ми во црната земја ме напушти и сестра ми. …….Сега себична сум?
Не само сакам да се тука, сакам да ги видам, да ги прегрнам, би им кажала колку ми требаат и колку ми значат.. и, повторно не можам, никогаш не можам.
Зошто јас сум казнета вака? Затоа што сум себична? Не ми треба мене живот.
Се прашувате што беше потоа? Бев полнолетна да, не сакав од никој грижа ни подадена рака, бев горда, го отфрлив од себе и Стефан, ме преколнуваше да биде покрај мене, ме молеше да не го оставам, ме молеше и ми кажуваше колку ме сака, ме молеше да ми помогни, ме молеше да биде со мене тие денови, секогаш, мислев дека само ме сожалува.
Тонев, тонам… јас сум титаник, титаник е мојот живот… пловев и наеднаш големата карпа ми одзеде се мило, нема смисла да живеам. Сега само седам на стариот кревет одвоена од светот и пишувам глупи страници во големи дневници, сакам да потонам со тагата, ни тоа не можам.
Зошто оставив никој да не ми помогне? Зошто сум толку горда и себична? Жал ми е, сека сфаќам колку ми е жал за се. Но јас ништо не можам да вратам назад, го молам тој горе кој ми зеде се да ми даде шанса да вратам се назад на 14 јануари, ќе се сменев, ќе станев подобра, ќе бидев добра, ќе знаев.
Затоа сега, кога веќе го читаш ова само едно би ти посакала читателу: Никогаш да не доживееш што доживеав јас, живеј со луѓе, сакај и кажувај го тоа, кажувај на глас, никој нема да ти се смее, кој ќе се насмее значи дека е загубен во лавиринтот во кој не знае што е живот, значи дека е каква што бев јас, но јас немам сега на кого да му кажам те сакам, кого да прегрнам и кој да ме утеши, јас отфрлав се, живеам сама, не го прави тоа и ти, живеј со сите кои ги сакаш, поминувај го секој миг со нив, не пропуштај ништо, живеј го денот денеска со тие кои ти значат – не оставај за утре затоа што можеби нема да ги видиш а денот денеска никогаш нема да го вратиш назад.
И уште еднаш не го затворај срцето – тоа е клучот на среќата, не затворај врати пред оние што ти значат – тоа е чекор кон бунарот на тагата, не сакаш да тонеш со мене во него, не биди горд и кажувај те сакам, викај на цел глас – тоа е клучот на чистата љубов… Јас немам време, поправи ги ти своите грешки – тоа е чекор кон успехор и радоста.
Живеј, сакај, покажувај им на сите колку ти значи што се дел од тебе.