Театарот во Македонија утрово претрпе уште една загуба, откако беше обелоденето дека почина режисерот Љубиша Георгиевски.
Многу уметници на социјалните мрежи се простуваат од Георгиевски.
„Драг мој професоре,
нека ви е лесна земјата, а името и славата вечни!!!
Се гордеам што бев ваш студент, се гордеам на секоја наша професионална соработка, на секој миг и разговор поминат
со вас. Вие бевте примерот по кој се градев и како уметник и како општествено освестен граѓанин.
Почивај со ангелите драг професоре“, напиша актерката Јелена Жугиќ.
Утрово, на 81-годишна возраст, почина македонскиот театарски режисер Љубиша Георгиевски.
Оваа информација ја обелодени екс-директорот на Драмски театар, Роберт Велјановски на својот Фејсбук профил.
Георгиевски е роден во Битола, во 1937 година, а долго време беше и во политиката како претседателски кандидат во 1994 година, амбасадор на Бугарија и претседател на Собранието од 2006-2008-ма година.