Откри како мамел: Додека уживав и сите мислеа дека напорно тренирам – жена ми трчаше за мене

Штефан Кислинг, поранешниот германски репрезентативец и член на Баер Леверкузен, откри како мамел со програмата за тренинзи во претсезоната и подготвителниот период, потврдувајќи дека не бил голем работник како што медиумите и јавноста го претставувале, а во клубот силно верувале дека е така.

Кислинг во Баер Леверкузен мина 12 години и притоа беше најдобар стрелец во Бундеслигата кога Баер беше во самиот врв, играше во Лигата на шампионите и кога ќе се види оваа слика прв впечаток било дека Германецот е – врвен работник. Ама не било така.

„Никогаш, ама баш ниту еднаш јас на подготовки или на тренинзи не работев сто отсто“, вели Кислинг.

Па се наметнува прашањето, како ќе се извадиш да не бидеш препознаен при мерењата? Кислинг имал среќа – сопругата била неверојатно физички активна. Таа сакала да вежба, да ја одржува својата линија и податоците за своите тренинзи ги чувала. Така Штефан дошол на идеа, како да ги измами сите во клубот дека во слободниот период ќе ја одржува линијата.

„Ни даваа часовници кои мерат отчукувања на срцето, го чуваат целиот тренинг. Бидејќи мојата сопруга е неверојатно физички активна и подготвена, трчаше со мојот часовник во склад со моите потреби. Работеше толку добро, што никој не примети ништо“, признава Кислинг.

Поврзани вести