Дарко Лазиќ вчера, (29 ноември), по повеќе од еден месец лежење во Клиничкиот болнички центар во Земун, префрлен е во бања, каде што ќе го продолжат третманот. Како што пишува “Telegraf.rs” Дарко се наоѓа во апартман, а со него ќе остане мајката Бранка, која постојано е во близина на нејзиниот син.
Вереницата на Дарко Лазиќ кој вчера по 38 дена во болница по страшната несреќа конечно излезе и се упати дома, се огласи за својата состојба и си ја отвори душата по долго молчење.
– Имам мачнини, целата ситуација беше стресна и лошо влијаеше на мене. Сепак сум среќна што се заврши добро, од ова со Дарко ќе излеземе како победници, вели Марина неговата вереница.
Таа мора да се одмора, да шета на воздух и да внимава, слабокрвна е и има проблеми во раната бременост.
Дарко, наводно, се храни сосема нормално, малку се држи на нозете, но, се потпира на здравата нога.
– Дарко денес немаше терапија, бидејќи тој само што пристигна. Утре започнува со терапија – вели извор за порталот.
Кога пристигна во бањата единственото нешто што рече Дарко беше: “Само да не сум таму повеќе”, и тоа е јасно по еден месец ипол лежиње во болничкиот кревет во одделот за интензивна нега, а сега е во опремен стан и релаксирана атмосфера да ужива во неа.
Лекарите веднаш по пристигнувањето спровеле рутински преглед, но за време на неговиот престој во бањата, состојбата ќе биде предводена од еден од најдобрите специјалист и за физикална медицина и рехабилитација.
– Тој е во многу подобро расположение отколку што беше на интензивна нега, што е логично, бидејќи е променет просторот – открива изворот.
Во овој момент, не е сигурно колку долго ќе трае закрепнувањето, а првите проценки се можни само кога пејачот ќе започне со терапија и кога докторите ќе ја видат реакцијата на неговиот организам на истата.
Да потсетиме, Дарко доживеа сериозна сообраќајна несреќа на 23 октомври во близина на неговиот роден Брестац, и оттогаш беше во болница каде му беа извршени неколку операции.