(ВИДЕО) Југо какво што од секогаш сте посакувале – оди 230 километри на час

0

На многумина и беше прва љубов. Барем кога станува збор за автомобилите. Речиси да нема возач на Југо кој не се пожалил од оваа кола.

Што поради мењачот, што поради неисправна рачка за прозорецот… Сепак, на ЈУГОТО кое го тестираше В.Џ. – никој нема никакви забелешки. Впрочем, зошто би се жалел некој на ЈУГО како друмско рели возило кое оди речиси 230 километри на час.

Беше еден од најпопуларните автомобили во Југославија и клуч на модернизацијата на тогашниот возен парк. Западните медиуми љубоморно не можеа да му го простат успехот на американскиот пазар и му доделуваа негативни епитети, апсолутно неправедно и неосновано.

Замислен како модерен наследник на „Фиќото“, Zastava 102, па Jugo и конечно Yugo настана врз основата на Европскиот автомобил на годината 1972, моделот Fiat 127.

Производството започна во 1980 година, а првиот примерок од производната лента пригодно се симна на Денот на Републиката.

Jugo беше складен и компактен автомобил, со три мотори во понудата. Jugo 45 беше придвижуван од мал 4-цилиндричен мотор со 903 ccm и 45 кс. Посилната опција беа Jugo 55 и 60, со мотор од „Стокец“.

Претходна статија„Забранети“ хитови: Песни кои не треба да ги слушате додека возите автомобил
Следна статијаФОТО Ќерката на познатиот српски пејач е причината за разводот на Ана Николиќ и Раста