Движењето на цените на суровата нафта на светските берзи најавуваат историско намалување на малопродажните цени на нафтените деривати.
Барел северноморска нафта од типот „брент“ на берзата во Лондон во петокот достигна најниска цена во последните неколку месеци спуштајќи се под границата од 60 долари.
Таа цена е за повеќе од 12 долари по барел пониска од оние 72 долари по кои нафтата се тргуваше пред 2 недели и која беше просечна цена врз основа на која, Регулаторната комисија за енергетика тогаш донесе одлука за намалување на цената на горивата и до 4 денари по литар.
Цената на суровата нафта е во слободен пад. Тоа за возачите во Македонија се одлични вести.
За помалку од 2 недели, цената е пониска за 10 долари за еден барел, што гарантира големо, можеби и историско намалување на малопродажните цени на горивата во Македонија.
За очекување е секој од дериватите да поевтини за околу 5 денари по литар, доколку Регулаторната комисија за енергетика се држи до пресметките.
Поевтинување имаше и пред 2 недели и тоа од 3 до 4,5 денари по литар во зависност од горивата.
Ваквиот развој најавува ново, веројатно и поголемо намалување на цените.
Во моментов 95 октанскиот супер чини 67 денари, 98 октанскиот 69, а дизелот 64,5 денари за еден литар