Денеска се слави Св. Јован Златоуст – еден обичај не смеете да прекршите

0

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 13 ноември.

Денеска е Св. Јован Златоуст.

Свети Јован Златоуст е еден од најголемите цариградски патријарси. Се роди во Антиохија, во 354 година. Во младоста ги изучи грчките философи, а се дообразува во познатата Антиохиска школа.

По смртта на родителите, се замонаши и почна строго да се подвизува. По својата мудрост се истакна уште во Антиохија, па подоцна, по барање на цар Аркадиј, беше поставен за патријарх во Цариград.

Бог го надари со дар на јасно расудување и убаво зборување, по кои едвај да е надминат од некого во историјата на Црквата. Се успокои во 407 година, во Ерменија. Од неговите мошти, главата се наоѓа во Успенската црква во Москва, а телото во Ватикан.

Според верувањата на станите, денеска не се употребуваат игли за шиење, односно не се шие ниту се плете.

Овој светец се смета за еден од најуччените светители, па би требало денеска да земете некоја книга во раце и да прочитате барем неколку реченици.

Претходна статијаЌе се менува од корен: Дарко по излегувањето од болница, ќе оди во манастир
Следна статијаСупер вест – Од полноќ историско намалување на цената на горивата во Македонија