-Иако многумина мислат дека сум на залезот од кариерата, јас некако не се давам. Далеку сум од млад и витален како порано, но ми се чини дека ќе „ве замарам“ уште некое време- вели легендарниот пејач Мирослав Илиќ кој неодамна одржа традиционални концерти во Белград, во Сава центар.
-За секој случај, јас го подготвив сидрото, мојот брод се приближува до последното пристаниште. Но, мојата драга публика како да не ми дава да го спуштам сидрото. Сепак, оротив Бог и против природата не се може.
Јас сум сепак благодарен што уште стојам на нозе, што ме држи гласот, и ќе пеам сѐ додека можам да стојам. Она за што жалам, и не можам да си проостам, што кога мене ќе ме нема ќе го оставиме светот на различна гернерација, не толку сигурна како што е нашата. Мора да ја негуваме традиционалната музика и вредностите, ама мене кој ме слуша- вели легендата.
Мирослав своите легендарни хитови ќе испее на 20 декември во Скопје на „Кафанска ноќ“, која ќе се одржи во салата „Јане Сандански“ од 20 часот, во организација на „Хајп продукција“.
Во најголемата кафеана на Балканот со него ќе бидат и Мира Шкориќ, Аца Лукас и нашиот Жаре Бербер со неговиот „Галама бенд“. Сите средства , без исклучок ќе одат за семејства на настраданите во пожарот во Кочани, а во иницијативата се вклучи и „Супорт Кочани“. Билетите можете да ги купите ТУКА.























