Се мачев многу, но тоа мораше да се направи: Исповед на Мирослав Илиќ

-Роден сум на село, близу цветна ливада. Тоа ја одреди мојата душа. По карактер сум на мојата мајка, мојот татко и мојата баба Драгиња. Не бевме богати, живеевме скромно. Требаше да се коси, да се жнее, да се храни добитокот. Се мачев како дете, но тоа мораше да се направи – ја почна својата исповед легендата Мирослав Илиќ.

Познатиот пејач откри и дека како многу млад ја загубил својата мајка, а откри и како еднаш се степал во кафеана.

-Татко ми работеше многу, немаше многу време за мене, мајка ми беше со нежно здравје. Често беше во болница, па дома, па закрепнуваше, па пак се разболуваше. Починала млада, на 47 години – со воздишка рече за „Блиц“ славејот од Мрчајевци. Потоа раскажа за тепачката.

-Се степав еднаш во Заечар со некој од Јеловац, бев пијан. Имаше расправии. Не бегам од ништо. Воопшто не ми е срам ако споменете нешто срамно што сум  направил. Па, боже мој, и јас сум жив човек. Никогаш не сум се засрамил кога некој ќе ме потсети на некои мои стари грешки и постапки, без разлика какви се нивните намери- рече легендарниот пејач.

Мирослав своите легендарни хитови ќе испее на 20 декември во Скопје на „Кафанска ноќ“, која ќе се одржи во салата „Јане Сандански“ од 20 часот, во организација на „Хајп продукција“.

Во најголемата кафеана на Балканот со него ќе бидат и Мира Шкориќ, аца Лукас и нашиот Жаре Бербер со неговиот „Галама бенд“. Сите средства ќе одат за семејствара на настраданите во пожарот во Кочани. Билетите можете да ги купите ТУКА.