Четири пати се оперирав од рак па решив да ја ставам болеста на „игнор“: Мира Шкориќ ја отвори душата

Мира Шкориќ ја отвори душата за подмолната болест, ракот на тироидната жлезда од кој се оперирала четири пати. Го спомена и поранешниот сопруг кој е лекар и сестра ѝ која почина од канцер.

-Јас сум личност што ја игнорираше болеста. Мислам дека затоа и победив, самата себеси се победив. Јас никогаш не ја прифатив болеста, иако бев сериозно болна. Таман ќе снимам еден албум, мислев дека сум излечена.

Но, тоа е болест од која никогаш немаш мир. И така болеста се враќаше, се враќаше, и си реков: „Доста веќе, игнор!“ Но, велам дека по сето тоа јас „го издедов канцерот“. Мислам дека самото лечење оди од главата.

Секако, ние ги имаме најдобрите лекари“, рече Мира Шкориќ. Потоа, водителката на подкастот на „Хајп“, Снежана Дакиќ ја праша колку поранешниот маж ѝ помогнал со оглед на тоа дека е лекар, а таа одговори:

-Тоа не е негова специјалност. Јас сум лечена на онкологија. Јас криев од семејството за да не им правам стрес. Ги лажев дека сум на турнеја во Виена, но тој знаеше. Беше присутен поранешниот сопруг, да. Сестрата знаеше за жал, таа беше мојата најголема поддршка, и на крајот таа страдаше од истата болест-рече пејачката.

Мира Шкориќ ќе настапи во Скопје на 20 декември, на концертот „Кафанска ноќ“ во салата „Јане Сандански“ заедно со Мирослав Илиќ, Аца Лукас и Жаре Бербер со неговиот „Галама бенд“ како специјални гости.

Нема да биде ова класичен концерт, туку ретка можност за публиката да се весели во најголемата кафеана на Балканот, со мезе и пијалоци, а ѕвездите на вечерта ќе седат во нивна близина, исто како и сите гости. Организатор на настанот е „Хајп“ продукција, а билетите се продаваат на ОВОЈ ЛИНК.