Пејачката Мира Шкориќ ги шокираше сите со необични детали од својот приватен живот. Имено, таа има специјален начин како ги фаќа дечковците ако се сомнева дека ја изневериле.
-Имам систем, правам ваква фора. Му закажувам состанок во име на друга личност. Се допишувам со мојот партнер, закажувам состанок, испраќам непозната девојка, потоа се појавувам – рече пејачката за „Хајп“
-Се појавува девојка, а потоа се појавувам и јас, па започнува циркусот од Колорадо. Циркус во вашиот град. Таа средба трае многу кратко. Девојката се појавува, непријатно ѝ е, пие еден пијалок и си оди, а потоа настапувам јас – рече Мира Шкориќ.
Кога ја прашаа што ѝ вели нејзиниот партнер во тие ситуации, таа кратко одговори:„Не вели ништо.“
Како што веќе најавивме, Мира Шкориќ ќе биде гостинка во најголемата кафеана на Балканот, во Скопје на 20 декември, на концертот „Кафанска ноќ“ во салата „Јане Сандански“ заедно со Мирослав Илиќ, Аца Лукас и Жаре Бербер со неговиот „Галама бенд“ како специјални гости.

Пејачите нема да бидат поголеми ѕвезди од публиката оваа вечер. Ќе седат на маса мезејќи блиску до фановите, и секој по неговиот настап нема да оди зад сцената, туку ќе се седне на масата со колегите и ќе се весели на песните на својот колега. Организатор на настанот е „Хајп“ продукција, а билетите се продаваат на ОВОЈ ЛИНК.






















