Тоше не дочекал да му ја исполни големата желба на Џокси, овој детаљ за нивните животи е помалку познат

0

Еден од најпознатите наши пејачи, Ѓорѓе Васиќ, алијас Џина Папас Џокси, е особено актуелен околу Велигденските празници, бидејќи, како што сите знаат, тој ја исполни безвременската ,,На Велигден сум се заљубил”.

Генерациите кои во деведесеттите години од минатиот век беа во своите дваесетти години, многу добро се сеќаваат на атмосферата пред скопскиот соборен храм, пред таа величенствена атмосфера, кога илјадници луѓе од поранешна Ванила, па се до Симпо, по Партизанска, стоеја со свеќи во рацете и го очекуваа Христовото Воскресение.

Речиси постојано, од звучниците на Соборниот храм, пред да започне Божествената Литургија, се слушаше композицијата на Џокси, а сите во еден глас ја пееја.

По полноќ, кога ќе завршеше литургијата, младите се упатуваа во градскиот парк, или околните кафеани и сендвичари, да се ,,омрсат” по Великиот пост.

„Најубавите години од животот ги поминуваш со својата баба. Таа што ќе ти зготви го јадеш со невидена сласт, па макар било и лепче со шеќер и вода, најомиленото јадење за игра со другарите на улица.

Секогаш е ведра, насмеана, со широка прегратка, со румени обравчиња само за галење, со ни грам лутина во себе, а со неа најлесно заспиваш, и како да не ја сакаш. И на крај, баба што приказни ќе ти раскаже нема никој друг на светот.

Така и мојата Уранија, на мајка ми мајка. Секогаш ја задевав за тоа каков љубовник бил дедо и зошто баш него одбрала, нели имало и други момци во селото (с. Ранци, Егејска Македонија).

Еднаш ја фатив во добрите и со она “пази да не не чуе“ (дедо ми Димитрија), ми ја раскажа нивната љубовна приказна.

Се случило тоа кон крајот на 20те години на минатиот век. Баба била многу убава жена, така што прадедото Никола имал мака од стројниците. Најупорни биле сторјниците на дедо ми Димитрија кои по третиот обид успеале да добијат збор, а сето ова се случувало на Велигден во дворот на црквата св. Атанасиј во с. Ранци.

За нивниот живот, Уранија и Димитрија добиле осум деца. Мајка ми Гина е четвртото дете. Сите деца се родени во Ранци, само најмалата тетка Љубица во Македонија“, раскажа Џокси за Галама. Љубовта на неговите баба и дедо, му биле инспирација да ја напише песната“, објави Галама.

– Таа 2007 година, по иницијатива на Ранко Петровиќ, првиот човек на Радио Бубамара, се договоривме со Тоше, кому многу му се допаѓаше „На Велигден“, да сними негова верзија на песната“, изјавил Џокси во една прилика за Нова Македонија.

Тој тогаш гостуваше во Австралија и ми рече дека кога ќе се врати, ќе влеземе во студио. Таа година, со група деца престојував во одморалиштето „Шула Мина“ во Крушево.

Девојчињата слушнале дека Тоше е во градот и ме замолија да ги запознаам со него. Отидовме во неговото омилено кафуле „Планет“ и газдата, кој ме препозна, ми рече дека можам да седнам на масата што секогаш е резервирана за Тоше.

И наскоро тој се појави. Повторно го потсетив на ветувањето, а нешто подоцна, расположен, тој дојде до мене, ме прегрна и ми рече: Ајде заедно да ја испееме сега „На Велигден“.

Ја знаеше од збор до збор, а неговата изведба беше толку емотивна, што навистина ме трогна. Направивме и една фотографија, која и денес ме потсетува на оваа средба.

Се сеќавам, тогаш некои луѓе го снимија додека пее со мобилните телефони и ги замолувам, ако е можно, да ми испратат снимка – вели Џокси.

За жал, никогаш не беше реализирана оваа идеја, бидејќи во октомври истата година Тоше загина во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка.

Следната, 2008 година младата пејачка надеж Ламбе Алабаковски сними своја верзија на песната“, објави Нова Македонија.

Претходна статијаДаниел Кајмакоски конечно откри детали за сопругата (ФОТО)
Следна статијаМилена: На седумдесет и кусур години ме изневери со друга, кога го фатив се случи ова