Сузана Спасовска не може да прежали дека овој нејзин близок човек веќе го нема (ФОТО)

0

Претставници на анамблот „Танец“, чиј превенц и раководител на оркестарот беше Милан Завков, се простија од својот пријател на комеморацијата која се одржа во Националната опера и балет пред два месеци.

Маестро на хармоника Завков, кој ненадејно почина на 61 година на 6 февруари, беше омилен меѓу колегите музичари и анродот општо.

Присуството на многу колеги и пријатели на последното испраќање било само еден доказ за неговата големина, објави во февруари Слободен печат.

Сузана Спасовска уште не може да се опорави од загубата на Завков, а таа на комеморацијата за него раскажала ваква приказна.

– На тој 6 февруари дојдовме сите на работа, за првпат по паузата.

Не можев ни да замислам дека кога ќе си заминеме од работа, ќе го нема нашиот Милан со големо срце, со преубава насмевка и со ведар дух.

Не можам да верувам дека клупата каде што секое утро на паузата заедно го пиевме првото кафе и голтка по голтка разговаравме за животот, ќе остане празна“, рече Сузана Спасовска.

Сузана Спасовска, собрала сила и пеела на Велигденскиот концерт на Танец и се сликала облечена во народна носија. Со голема грутка во грлото, таа пеела за својот Милан и за целата публика.

Велигденски концерт на “Танец”, посветен на нашиот сакан колега Милан Завков, кој бескрајно недостасува“, напишала Сузана на Фејсбук.

Претходна статијаСи ја нареди во животот, еве на која егзотична деcтинација ужива Тијана (ФОТО)
Следна статијаЕлена Велевска се фрцкаше како манекенка вака облечена, и објави супер вести за нашинците од Германија (ФОТО)