Си ја нареди во животот, еве на која егзотична деcтинација ужива Тијана (ФОТО)

0

Македонската пејачка и актерка Тијана Дапчевиќ беше искрена во интервју за српскиот портал „Блиц“.

Тијана, која ја гледавме како Ула во серијата „Преспав“, во интервјуто изјави дека семејството ѝ е најважно.

„ Второ дете не се планира. Кога ќе се случи, ќе се случи, ако се случи. Сестра ми очекува второ дете, ќе роди машко“, изјави Тијана која е мајка на Вук и тетка на Хана и на Дарен, ќерката и синот на Тамара Тодевска.

„Јас серијата ја снимам еден месец, а другите 11 месеци сум посветена на семејството“, додала Тијана. Во претходно интервју за српско „Стори“, Тијана има изјавено дека веќе имала еден спонтан абортус.

– Сведоци сме дека 21-от век е таков се брзо се случува, па така и самата музика и шоу бизнисот е брз. Тие талент шоуа за млади од една страна се добри, а друга лоши бидејќи тие млади луѓе мислат дека ќе направат кариера.

Знаете што се случува тие од еднаш ќе добијат 40-50 илјади следбеници на Инстаграм и мислат дека целиот свет е нивен, ете тука е моментот на кршење и затоа кратко траат.

Тие треба да ги искористат паметно тие нивни “5 минути”, да стојат цврсто на нозете, затоа што не се единствени има многу такви во морето на пејачи и актери.

Сведок сум на многу луѓе кои ги познавам кои победиле на такви талент шоуа, а после неколку месеци никаде ги нема затоа што се расфрлаат со цени.

Јас сум пејачка која ја почна кариерата во претходниот век па така од секогаш мислам дека треба да се цени квалитетот, а не квантитетот. Затоа тие траат колку јогурт“, рекла Тијана во едно интербју за Музика 24.мк и додала:

– Го имам тоа искуство да ја претставувам Македонија и тогаш јас бев сама на сцената со моите пратечки вокали Тамара, Пере и Диме, а Македонската радио телевизија која ме ангажираше беше на екскурзија.

Ете тоа е главниот проблем што Македонската радио телевизија мора да свати дека не оди на екскурзија туку на Евровизија.

Треба што подобро да се промовираат песната, изведувачот но и самата земја. За да влеземе во финале мора да се лобира, да се работи на маркетингот.

Едноствано тие мора подобро да се ангажираат ова важи и за Македонија, но и за Србија. Сепак морам да признам дека тоа мое искуство е едно од најубавите во мојата кариера.

Да ја слушаат и почитуваат македонската музика. Да се бара што е можно повеќе да се пушта на радио затоа што имаме многу добри изведувачи и музика.

Ова е апел до сите луѓе кои прават музика, правете повеќе македонска музика и оставете ја српската и хрватската музика.

Никој да речеме во Србија не останува рамнодушен на македонската музика, јас живеам таму веќе 17 години и луѓето прашуваат зошто ние немаме таква музика, македонците се најталентираната нација во регионот.

Ја знаете онаа стара народна поговорка? Кога одите во Србија немојте да играте ќе ве надиграат, кога одите во Босна немојте да пеете ќе ве надпеат, а во Македонија немојте ниту да пеете ниту играте оти ќе ве надпеат и надиграат.

Македонците се најталентирана нација и тоа треба да го искористме“, изјавила за Музика24.мк Тијана.

Тијана по се изгледа дека си нареди во животот. За Велигден, таа отпатува на егзотична дестинација со синот и со сопруот, поточно во Египет.

Тијана на Инста стори сподели неколку видеа како си ужива прво во летот, а потоа покрај базенот во хотелот, и се гледа дека нашата пејачка и актерка ужува што би се рекло со полни гради.

Претходна статијаКатарина Ивановска cи ја запеа „Бивши драги“ откако раскина со Перо Антиќ- главна на журка во Скопје (ВИДЕО)
Следна статијаСузана Спасовска не може да прежали дека овој нејзин близок човек веќе го нема (ФОТО)