Познато исто рака е дека групата Меморија направи голем концерт во 2017 година како нивно големо обединување, а по тој повод Георгиевски раскажа:
-Половина бенд сме кумови меѓу себе: Поце Икономов, Ристо Самарџиев, Сашо Ангелов, Валентино Скендеровски, Бане Поповиќ и Димитар Мичо Божиков на ручек по една од пробите пред концертот.“
Потоа, групата одржа уште неколку концерти минатата година, а еден од нив, најгокемиот се одржа во „Борис Трајковски“, и за овој концерт тие беа наградени на Златна Бубамара.
Перо Камиказа со својот нов статус, лут се огласи на Фејсбук поврзано со песната „Дирлада“ која е голем хит на групата „Меморија“ и напиша:
Песната “Дирлада“ ја пријавиле дека се изведувала само во 30 ресторани и клубови низ Македонија. Истото е и со “Оган под звездите“и Нена.
Драги колеги кој свирите тезги и вие ресторани и дискотеки кај што илјадници пати ги вртите песниве и на бакшиш заработувате на песниве, не ли ви е срам наместо оние кој ги свирите ,да ги пријавувате вашите кој никогаш не сте ги ни свиреле и некој чул за нив.
Дали поминала свадба или веселба без Дирлада!?Колку бендови ја пеат “Оган под звездите“ по журки и клубови заедно со Нена???Нека ви служи на чест.
А ние ќе направиме нови песни за да може народот да се весели и да плаче!!!Вие?!Сами си знаете. Не се работи за пари бе шупци, туку за достоинство!!!!“, стои во статусот на познатиот музичар.