Водителката Николина Пишек вчера на суд требаше да се сретне со ќерката на Видој Ристовиќ од првиот брак, Матеа и да се договори за поделба на наследството. Но, закажаното рочиште беше одложено поради болест на судијата.
Историчарот на уметност Видоје Ристовиќ се упокои на 44-годишна возраст во мај минатата година, додека беше на масажа.
Пишек била информирана дека закажаното судско рочиште е одложено поради болест на судијата, па расплетот на сагата и настанатите недоразбирања со Матеа, ќерката на Видој од првиот брак, се пролонгира.
Инаку, Николина по загубата на сопругот се скара со свекорот Миша Гроф, а се започнало поради поделба на имотот. Гроф истакна дека Николина сака само да ги стави во раце парите кои според неговото мислење и тврдење не и припаѓаат.
По упокојувањето на Видоје, Николина имала жестоки конфликти со неговиот татко Миша Гроф.
– Последниве шест години Видоје немаше врска со татко му, практично не зборуваа.
Сега воопшто не контактираме, ниту тој ниту бабата не се интересираат за внуката.
Одвреме-навреме им праќам порака со нова фотографија, пишувам за нешто ново или важно што и се случило на Софија Уна или кажувам дека е болна.
И никогаш не добивам одговор. Ќерка ми ме праша пред некој ден дали уште ги има баба и дедо и не знаев што да одговорам. Таа е премлада за да сфати зошто повеќе не му припаѓа на Белград.
Таа го изгуби семејството, сеќавањата, играчките и мислам дека нејзината реакција е повеќе тага отколку обидот да се разјасни и рационализира ситуацијата.
И имам проблем како да и објаснам дека не треба да се чувствува виновна за се што се случило.
Пишек се осврна и на имотот на Видој и оставинската постапка по неговото заминување.
-Колку брзо се одвиваат судските постапки во Хрватска, каде имав неколку рочишта за кратко време, толку бавно се одвиваат во Србија.
Имам впечаток дека сите се однесуваат како ние двајца никогаш да не постоеле, не се преземаат никакви дејствија или процедури барем да почне работата.
И покрај тоа што го пријавив таткото на Видоје за низа зак-ани, загрозување и други прекршувања, досега тоа не е мрднато од мр-тва точка.
Дури ни имотот се уште не е поделен – изјавила таа за Глорија.