Лила, каде и да се појави, блеска со нејзината позитивна енергија.
-Ова што го работам мене ми е многу природно. Јас воопшто немам ритуал или начин на кој јас сега ќе бидам професионална и успешна.
Едноставно така функционирам и тоа е мојот начин на работа. Тоа е во мојата природа и карактер што е навистина голема предност. Не сум човек кој има работа што го фрустрира. Мене работата ми е задоволство.
Како што банкарите работат во банка, касиерката во супермаркет, така и јас ја работам мојата работа професионално.
Како што тие мораат да ја завршат работата и да пријават промет на крајот од денот, така правам и јас со мојата работа.
Одговорам за сработеното пред очите на јавноста. Тоа значи дека помеѓу моето водителство и телевизиската работа и која било друга професија, апсолутно не постои разлика, ако пристапот е професионален.
Мојот најголем комплимент сите овие години не е врзан за изгледот, дали сум добра водителка, дали сум пријатна со публиката, туку впечатокот на останатиот свет дека сум професионална и дека сум човек од збор, стигнувам на време, мразам доцнење, го почитувам туѓото, но и своето време“, изјави таа во една прилика.
За Лила е познато дека се избори со тешката битка и го победи кан-церот, а неодамна, таа објави слика од болничката соба во Турција и напиша:
– Кој би рекол дека животот ќе ми се дели на “пред” и “после” оваа слика! Слика направена половина час пред мојата петчасовна опер-ација на кан-цер на дојка.
Сосема спонтано направена од мојата другарка @annie_a_mark a сега сосема случајно пронајдена во мојот албум со слики . И да… оваа насмевка е искрена и многу зборува .
Зборува за тоа дека воопшто не се плашев и не траоризирав. Зборува за тоа дека едвај чекав да се случи и да го продолжам патот на излекување! Добро прочитавте: Не, патот на лекување туку на излекување.
Зборува за мојата решеност да го издржам и ова патешествие не баре сум тргнала да снимам уште една од моите емисии! А денот студен, зимски ама сончев.
Го сфатив тоа како добар знак. И беше !!! Без разлика на тоа што ноќта по операцијата бев во вистинска агонија, без разлика што про-клетн-икит пуштил пипци и по лим фните јазли под пазувите, и што имав закачено три дрена.
Кога хирург како др Фатих Ајдован ќе ти каже дека ќе биде се во ред, едноставно знаеш дека треба да му веруваш. Имам уште многу да пишувам ама не се одеднаш.
А пишувам само заради Вас кои ја биете истата битка. Првиот чекор до победата е верувањето дека ќе победите! Без него нема да стигнете до вториот. Никој не вика дека ќе биде лесно ама не заборавајте: светот ги памти само ПОБЕДНИЦИТЕ !!!
Лила на Фејс објави нова слика, и до неа напиша: Во кругот на животот не постои ни победа ни пораз…постои само промена“, и доби доста комплименти за својот изглед.
Многумина ја фалеа нејзината кратка коса, а еден коментар остава најмногу впечаток, и вели:
Убава жена си е убава, дал со кратка коса, дал без коса.