Згодна мама: Сара Мејс објави слика како изгледа во новите фармерки: Мидер напред, пуш ап позади (ФОТО)

0

Сара Мејс и водителот и маркетинг менаџер Димитар Атанасовски пред неколку месеци објавија дека станаа родители на нивното второ заедничко дете кое се вика Кирил.

„Сара за малку ќе се породеше на детски роденден, ама ај тоа во наредна прилика ќе се раскажува- напиша Димитар на една објава.

Сара пак објави стори во кое кажа дека ќе заспие пијана од љубов и среќа и дека нема ништо поубаво од тоа да станеш мајка.

– Додека бев бремена, постојано некој ме плашеше, вака ќе биде или онака ќе биде.

Првата група на луѓе ми велеа: рано ви е за дете, зошто уште не шетате, втората група ми раскажуваше колку е тешко, а трети ми велеа дека е ова најубавиот период.

И во право беа третите, јас сум во таа група. Засега одлично се снаоѓаме со Илина, целта ги оправдува средствата. Кога спие по четири часа без да се разбуди, ми фали“, изјавила Сара кога ја родила Илина.

Во Женски магазин, таа зборуваше за својот сопруг, Димитар Атанасовски кој е познат водител и маркетинг менаџер. Тие се во брак од 2017 година.

-Димитар е „најдобар“ во повеќе категории. Мојата најголема инспирација, љубов и поддршка. Способен и разбран. Умен и убав. Вљубеник во природата и животните. Интересен и забавен.

Независно како и да го поминуваме времето заедно, дали е тоа прошетка со куче, планинарење, возење со мотор, патување, гледање филм или табла на тераса, многу е лесно и прекрасно кога си вљубен во оној кој најмногу те смее!“, рекла Сара, а за Фешнел зборувала за својот имиџ.

– Прво би кажала дека не сум фан на кратки здолништа. Во спротивност на ова, во последно време обожавам да носам облека со висок струк.

Искрено, не сум некој моден фанатик кој ги следи слепо модните трендови, туку повеќе целам кон тоа да си изградам препознатлив стил кој ќе ја одразува мојата личност, како мој идентитет.

Како што созревам, го менувам и стилот и ми доаѓаат различни идеи во главата. Единствено нешто што останува и ме следи со времето е пердувчето на левото уво.

По повод годишнината на Сара и Димитар, која е на 02.09, Сара се присети на нивната свадбена церемонија. Сара и Димитар направија спектакуларна свадба која на крајот од вечерта сосе облека скокнаа во базен.

На фотографијата, тие изгледаат многу среќни, а Сара сподели многу фотографии од тој специјален ден за нив.

Сара во една прилика откри како се запознале со Димитар, а средбата се случила пред многу години:

Тоа било кога Димитар ѝ правел интервју за тогашната емисија „Тротоар“. А неколку години подоцна по првото нивно запознавање се сретнале повторно кога Димитар отишол на нејзин настап во локалот „Штала“.

„Таа вечер дефинитивно имаше хемија во воздухот помеѓу нас двајца, па така Димитар не губеше многу време и веднаш ми побара број, а веќе наредното утро ми пиша“, изјавила Сара за Женски Магазин и открила кога се случил првиот нивен состанок:

„Првиот состанок ни беше во кинескиот ресторан во центарот на Скопје и до денес таму си прославуваме убави поводи…. Помнам дека уште во врска честопати се враќавме за убави поводи во тој ресторан, дури ни дадоа и амајлија за вљубени…

Инаку мојот впечаток после првиот состанок беше доста силен. Димитар ми беше преубав, препаметен, привлечен, забавен, интересен.

Кога се вратив дома си гледав во ѕид, си сублимирав впечатоци во глава и уживав во пеперутките во стомак.“.

Пејачка како што вели, се сеќава на секој детаљ кога за првпат ја бакнал Димитар.

„Секој четврток после снимање на епизода „Танц со ѕвездите”, цела екипа од Танцот одевме во кафана, во “Крчма.” И така еден од четвртоците се случи. Излеговме надвор, набожемски ќе зборевме нешто. “.

Димитар е екстремно одговорен човек, а тоа е особено важно за еден маж во еден брак. Да биде стабилен темел на семејството, заедно со мајката се разбира.

Смешен е и позитивен, тоа е од есенцијално значење за мојот дух, а и духот на цело семејство. Да сме забавни и насмеани, наместо досадни и намуртени.

Има уште еден куп особини кои му ги сакам многу, но сигурно ќе ми требаат уште два дена куцање, така што ќе застанеме тука“, изјавила Сара.

Сара после само неколку месеци од породувањето со второто дете, синот Кирил, објави јаки фотографии во новите фармерки што ги си купила. Сара изгледа како манекенка на сликите, а додала дека овие фармерки имаат мидер напред и пуш ап позади за дополнителен истенчен изглед.

Претходна статијаОткога ја смени фризурата, Лила објави посебна фотографија со Филип, како другари да се (ФОТО)
Следна статијаНаташа Беквалац изненади со овој изглед, покажа како изгледа позади камерите кога нема шминка на себе (ФОТО)