Водителката Цеце од „Телма“ која чека бебе откри лична приказна- еве што замислувала цел живот, а сега ѝ се остварува

0

Едно од највеселите лица на ТВ екраните кај нас, Цеце Тодосовска од Утринската програма на ТВ Телма, неодамна објави убави вести.

Малку луѓе знаеја дека таа е бремена во втор пат и веќе во мај, таа и сопругот Столе ќе добијат син, а двегодишниот Бодан брат“, објави Еспресо.мк

Водителката официјално не кажуваше дека е бремена, се додека на профилот на Утринска на Телма не се појави нејзинта слика со колегата Ненад и таму стоеше: Време е за бебе бр. 2

-За мене „Утринска на Телма“ е најубавиот проект на кој сум работела до сега.

Иако воопшто не е лесно секојдневно да се реализира емисија од 4 часа со многу, многу гости и различни теми, сепак не би можела да се пожалам бидејќи многу си ја сакам работата и уживам секојдневно и пред и зад камерите кога се прават сценарија и се договараат гости.

Буквално уживам во позитивниот хаос кој се случува многу често. Има безброј предности оваа професија, но сметам дека најголемата придобивка лично за мене е проширениот круг на пријатели, познаници и соработници.

Секогаш сум велела дека контактите во животот се многу важни, никогаш не знаеш што носи денот и кој се би ти излегол во пресрет.

Денес успехот е релативна работа, денес те има – утре те нема. Среќна сум што еве речиси 10 години сум во новинарските води, секој нареден проект ми е подобар од претходниот, работам чесно, не зависам од никој.

Создавам нешто што публиката го сака, а тоа нешто е сработено со многу љубов и искреност. Имам уште многу пред мене, верувам дека успешно ќе се надградувам.“, изјави Цеце во една прилика magnetikfashionblog com

Цеце претходно за „Репортер“ изјави дека нејзиниот сегашен сопруг Столе ја побарал за жена во Охрид, а пред свадбата, таа направи необична моминска вечер.

Таа со другарките возеше кајак на Матка и се сместија во приватна куќа во која се стигнува само со кајче. Старосват на свадбата ѝ беше Марко Марк, кој освен што ѝ е колега и е најзин најблизок пријател.

Водителката во Женски магазин зборувала за тоа колку и било тешко да се одвои од своето мало синче кога после породилното отуство се вратила на работа- всушност се вратила во Утринска на Телма.

– Мора да признаам дека последните две недели од породилното отсуство беа посебно емотивни за мене, имав измешани чувства…

Буквално ги одбројував деновите и тоа ми предизвикуваше некоја тага затоа што ќе се разделиме и нема да сме по цели денови заедно со Бодан.

Бодан е среќен со бабите и дедовците и неговите братучеди со кои е најчесто во првата половина од денот. Знам дека ужива во нивно друштво бидејќи кога и да се вратам од работа, ме пречекува едно насмеано, среќно и задоволно детенце.

Физички е цел на тато што значи дека се заљубив по втор пат во мини верзијата од мојот сопруг (се смее).

Тој, уште од бебе си покажуваше некои карактерни особини, но, како расте, созрева и се оформува тие се се поистакнати, така што можам да кажам дека и во карактерот веќе препознаваме некои наши особини.“

Водителката во интервју за Еспресо откри што е она што го сакала цел живот, и наскоро оваа желба ќе ѝ се исполни:

– Новиот член во нашето семејство ќе ни се придружи на почетокот на мај, а можеби ќе изненади и порано. Инаку одлично се носам и со оваа бременост, редовно сум дел од „Утринска на Телма“ и се справувам со уште низа други обврски во денот.

До пред неколку недели кога ќе ме прашаа како се чувствувам, знаев да одговорам „одлично, како да не сум трудна“, но сега веќе станува сѐ потешко.

Инаку оваа бременост ми е целосно различна од првата, речиси во секој поглед и баш заради тоа долго време мислевме дека е девојче, но сепак Бодан наскоро ќе добие братче.

Ќе бидам мама на две момчиња, баш онака како што и сум се замислувала во животот!“; откри оваа наша позната водителка.

Претходна статијаСнеже Велков ептен искрена за сопругот: Кога ќе паднам ТОЈ да каже- Еве ти раката, фаќај ја и стануј!
Следна статијаПоевтино e овде отколку во Белград, се селиме – ќе си заминат ли Шерифовички од Србија?