Како актерка публиката инстинктивно ја поистоветива со комични театарски и телевизски ликови.
Како жена таа постојано ја бранува јавноста со своите неконвенционални животни одлуки, кршејќи ги балканските стереотипи за тоа што е „нормално“ и исправно.
Бунт овна од раните тинејџерски години, Весна се` уште го носи тој борбен и неконвеционален дух кој и` го дефинираше животниот пат“, објави Женски магазин во една прилика за нашата позната актерка.
-Се сеќавам кога бевме со сестра ми Маја првиот пат во Лондон како тинејџерки, си купив хулахопки во риги , црно бели и едни чевли какви што носеше поп ѕвездата Ким Вајлд.
На тоа се сеќавам оти ми асоцираше на некаква бунтовност3, изјави Весна, а потоа ја прашаа: Која е твојата најдрага улога која едновремено ти беше и најтешка?
-Марта од „Кој се плаши од Вирџинија Вулф” од Едвард Олби. Марта беше ликот кој ме спаси во тој не баш едноставен период од мојот живот.
Ми покажа една друга страна на живеењето и ми укажа на суровоста во начинот на кој опстануваме во нашите односи со околината. Марта ме освести и ми даде друга димензија.
-Цел живот сум немирно дете.Не застанувам.Вртам, работам, доследна сум посветена и максимално професионална.Последниве неколку години во мојата актерска школа работам со деца од 5-17 годишна возраст.
Сонувам заедно со нив. Кога работам со нив, сфаќам дека никогаш не престанав да бидам дете“, рекла познатата актерка, а во интервју за Слободен печат таа рекла:
– Одамна работам со деца со тоа што имав пауза затоа што морав да се посветам повеќе на Кирил и Мина. Ја активирав школата пред речиси четири години и сум опасно фокусирана на таа работа.
Има неколку начини да оставиш белег: на филмска лента, телевизиска архива и театарскиот аплауз.
Но, работа со деца и тинејџери е нешто кое остава неизбришлива трага, невидлива, а сепак толку моќна енергија.
Треба да си предодреден да умееш да работиш со деца. Децата се личности и препознаваат кога несебично се даваш себеси. Сакам да ме паметат нови генерации на кои Бејби реално не им значи ништо.
Да, знаат нешто што ќе им раскажат родителите, но сами откриваат попатно. Затоа се важни овие два проекта, „Дајте музика “ кој е сам по себе значаен и престижен, и „Гласна куќа” кој е првиот тинејџерски серијал на овие простори.
Сите млади и мали глумци се од мојата школа. Тоа ме прави особено горда и среќна. Нуди метод на актерска игра кој е неверојатно забавен и истраен.
Може да биде секое дете член затоа што кога си учител по актерска игра не е задачата да играш улога на Господ, па да делиш памет кој го бива, кој не.
Мојата мантра е: прво едуцирам, па потоа аудицирам. Учат многу, знаат многу после секоја проба, од најмала возраст го говорат Блаже Конески, Петре М. Андреевски, Горан Стефановски, Чехов, Шекспир.
Преку овој метод се освестуваат децата дека нивото на нивната способност да совладаат е немерлива.
Да не зборувам за постојаните вежби за сценски говор, движења, вежби за концентрација, фокус, бескрајни разговори, слушање музика. Актерската игра е исклучително забавна, но и неверојатно захтевна“.
Весна Бејби објави ново стори на Инста во кое кажа дека претходно заборавила да уклучи да се снима, а потоа додаде:
– Многу сум збинета затоа што сум на постидпломски студии- театарска режија, и постојано читам книги.. Вие немаате поим колку е добро човек постојано да се едуцира и да се дообразува.
Но, ова мое јавување и снимање е само со една порака, е да ве поканам, во Public room на 29 март од 21 часот, каде што, тоа е можеби едниственото место кое наликува на оние клубови од Сан Франциско каде што се раѓа стендап форматот“, објави актерката на Инста стори.