Ова е најоткачената cлика на Душко Арсовски, поранешниот портпарол на Владата, еве каков е кoга не е на официјален настан (Ф0Т0)

0

Познатиот новинар Душко Арсовски за портпарол на Владата беше именуван на 13 октомври 2020 година на владина седница.

Арсовски претходно голем дел од својата дваесетгодишна кариера работеше како новинар и уредник во Македонската радио-телевизија (МРТ).

Душко Арсовски си замина од функцијата портпарол на Владата. На прес-конференција на премиерот пред неколку дена, Димитар Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши е последната во која тој се појавува во оваа улога.

Информацијата ја соопшти премиерот кој во негово лично и од името на Владата му се заблагодари на Арсовски за досегашниот ангажман.Ковачевски рече дека досегашниот портпарол заминува на сопствено барање.

„Пред да започнам со прес-конференцијата сакам да му се заблагодарам од мое име и од името на Владата на досегашниот портпарол на Владата,

Душко Арсовски кој денеска го завршува својот ангажман како портпарол на Владата на негово барање и ќе продолжи со друг предизвик во својата професионална кариера.

Голема благодарност верувам ќе упатат и медиумите со кои во изминатите две и пол години комуницираше на врвно професионално ниво и практично тој беше дел од процесот во кој Владата како институција беше оценета како најтранспаретна со 100 отсто транспаретност.

Душко, ти благодарам и ти посакувам многу лични и професионални успеси во понатамошната кариера“ – рече Ковачевски.

Арсовски е новинар со повеќе од 20 годишно искуство. Од 2012 е уредник за надворешна политика во МРТ, уредник на централниот дневник и во еден период заменик главен уредник на Информативната програма.

Претходно работеше како новинар/продуцент и шеф на дописништвото на Би-Би-Си на македонски во Скопје. Во својата кариера, тој две години беше уредник/водител на вестите на ТВ Алфа како дел од тимот којшто ја основаше телевизијата во 2008.

Кариерата ја започна во Македонското радио, во програмата за деца, во 1998.

Подоцна работеше во скопската телевизија Скај Нет, од каде во 2003-та премина во Македонската Телевизија каде работеше како новинар за надворешна политика, а подоцна и уредник на Дневникот.

Дипломираше интердисциплинарни студии по новинарство на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје во 2001.

Во 2017 стана магистер по Меѓународни односи- разрешување конф лик ти на Филозофскиот Факултет при УКИМ во рамките на ТЕМПУС програмата.

Автор е на трудот „Процес на помирување во Македонија преку интервјуа на релевантни политичари 10 години по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор“.

Во академската 2003/2004 беше на стручно доусовршување, во областа на новинарството на Дражавниот Универзитет на Ново Мексико, САД, со стипендија од Стејт Департментот.

Добитник е на наградата на Делегацијата на Европската Унија во Македонија- „Прашање на годината“ во 2005, за известувањето од ЕУ самитот во Брисел на кој Македонија доби статус земја-кандидат за членство во Унијата.

Во 2006 доби Сертификат од Делегацијата на ЕУ во Македонија за „Специјални достигнувања во известување за прашања поврзани со ЕУ“.

Од 2006 до 2010 беше член на Извршниот одбор на Здружението на новинарите на Македонија.

Како граѓански активист тој е ко-основач на невладината организација „Диверзити медиа“ којашто од 2011 е насочена кон промоција и поддршка на независното новинарство и високите стандарди во известувањето.

Во 2015-2016 беше член на работната група под покровителство на Би-Би-Си која го изработи новинарскиот Правилник и Кодекс на МРТВ за покривање на избори.

Од 2013 до 2017, во два мандати, е член на Одборот за доделување на државната награда за новинарство и публицистика „Мито Хаџивасилев Јасмин“.

Од 2014 е член на Колегиумот на НВО Прва Детска Амабасада во светот „Меѓаши“.

Бил обучувач за новинарство и односи со јавност на работилници организирани од ОБСЕ/ОДИХР, МЦМС, Младински Образовен Форум, Democracy Lab ( заедно со Мрежата на млади новинари и на Амбасадата на САД во Македонија) и за компанијата Ла Рош.

Душко Арсовски е роден во 1977 во Куманово. На неговиот Фејсбук профил има една доста „откачена“ слика, и на неа може да се види каков е Арсовски кога не е на официјален настан.

Тој на оваа фотка е сликан најверојатно во некој музеј на илузии, а фотката е доста интересна.

Претходна статијаВо снежна авантура како да е млада девојка- Светлана Црнокрак пак изненадува (ФОТО)
Следна статијаВесна Бејби откри зошто е многу збунета и кои се големите новости во нејзиниот живот