Весна Бејби откри- Вљубена сум, заедно ќе бидеме на мојот роденден

0

Весна Бејби- Петрушевска освен што е една од нашите најпопуларни актерки е и личност која отворено зборува на многу теми, и на социјалните мрежи, и во медиумите.

Неодамна, во „Слободен печат“ ја прашаа: Што значи да се биде самохрана мајка во современа Македонија?

-Значи опстанок, не значи живот! Исклучително напорна работа. Проект кој само го надоградуваш и немаш простор многу да маневрираш.

Секое утро освен што се будам и се заблагодарувам на утрото, втората мисла ми се сметките, како да ги оправиш да одат по правиот пат во едно извртено опкружување. Ова е ера на полусветови и полуписмени суштества. Мора да сум будна постојано. Тешко и напорно“, одговори Бејби.

– Јас постојано велам дека сум мажена за своите деца. Не дека очекувам орден, напротив јас учам да бидам родител секој ден.

Учам од своите деца, учат тие од мене. Слушам многу музика, постојано читам, вистински љубител на филмови и серии, зависник на Нетфликс.

Ако ме прашуваш за приватниот живот, секогаш велам дека од утре ќе се бавам со него. Бргу ми здосадуваат работите“, изјави Весна во интервју за Точка.

Весна и во Женски магазин зборуваше за своите деца и за работата со децата која ја исполнува:

-Цел живот сум немирно дете. Не застанувам. Вртам, работам, доследна сум посветена и максимално професионална.

Последниве неколку години во мојата актерска школа работам со деца од 5-17 годишна возраст.

Сонувам заедно со нив. Кога работам со нив, сфаќам дека никогаш не престанав да бидам дете.Оној момент кога ќе престанете да бидете дете, умир-ате.“

Нејзиниот син Кирил, минатата година стана полнолетен, а тој инаку живее и студира кај свокот татко со САД сега. Весна по тој повод објави емотивен статус на Фејсбук.

-Кирил наполни 18 години. Се обидувам да се насмеам и навистина сум среќна за него, знаејќи дека е во добри раце кај татко му во Хјустон.

Нормално сум досадна зборувајќи му да учи, да се запише на добар универзитет, да си фати женска… демек сум кул и ок…

Тој стана полнолетен дечко… Се сеќавам на чевличката која ја носеше во Битола 2 броја помали па имаше некое раниче на малото прсте.

Отидовме да купиме нови чевли во Пеко (природно Битола) и продавачката ме прашува: Ваш е? Ја гледам насмеано и и одговарам: Највеќе е мој.

Златен на мајка ми фали ама знам дека ќе успее. Кики те сакам колку сите зрнца во песокот“, рече Весна. Весна објави слики од својот син Кирил. Весна до сликите до синиот напишала:

Лејдис енд џентлмен Кики отишол на матура и уредно се вратил дома. од вестите во светот. нејви блу љуби га мајка. Тенкју Тренкоски фемили, Елена Тренкоска.

Весна Бејби беше гостинка кај Снеже Велков во емисијата „Нешто конкретно“ и таму имаше доста интересни изјави, а меѓудруго рече:

-Како што се грижиме за своето лице и заби, така треба да се грижиме и за нашето мен-тално здравје, на исто ниво. Ако се смеам, тогаш се смеам.

Ако сум тажна, тогаш сум тажна“, рече Весна, а Снеже потоа ја праша: Како си сега во моментов? А Весна на ова даде одговор:

-Еј, ќути супер, заљубена сум.“. Снеже праша: Во кого? Весна на ова се насмевна, а Снеже пак праша: Заедно сте, он знае?

-Да бе“. И потоа, на прашањето: Ќе бидете заедно за Велигден, Весна одговори: Чекај, прво ми иде роденден“, а потоа додаде дека тој ќе дојде на нејзиниот роденден, но не отрки за кого станува збор.

Претходна статијаМирослав Илиќ проговори зошто до ден денес не зборува со Лепа Брена, ова е вистината која многумина ги интересираше
Следна статијаПо долги години, Калиопи и Ромео Грил повторно заедно- среќна му се фрли во прегратка