Пејачот Благоја Грујовски беше во брак со презентерката Татјана Стојановска, а сега е во брак со Ирена Грујовска со која се запознал во едно кафуле. Има два сина, Матеј и Марко.
„Едната жена беше 12 години помлада од мене, другата е 24. И децата ми се така, сè е во знакот на 12 и сè е во знакот на тигар“, вели Баже.
На Фејсбук профилот на Ирена може да се види дека таа е вистинска убавица, а кога жената е среќна, тоа се гледа на нејзиното лице, а тоа значи дека е и исполнета и сакана, како во случајот Ирена и нејзиниот сопруг Баже.
Во една прилика, Грујовски изјави дека разбирањето и толеранцијата се клулчни за нивниот успешен брак. Помалиот син Марко, има 13 години, а поголемиот Матеј кој го има од поренешната сопруга Татјана Стојановска има 25 години. Благоја рече дека не е строг татко.
– Не можам да кажам дека сум многу строг, имам моменти кога сум малку изнервиран, па ќе свикам.
Со големиот и нема потреба да сум строг, тој е веќе големо момче,, дипломиран е.
Девојка не знам дали бара, дали има, нашол, не ми кажува. А со малиот уште имаме доста за расправија, и уште се расправаме со школо. Музика воопшто не ги интересира и двајцата“, рече Баже во едно интервју за Сител за своите синови.
Баже во една прилика објави слика со двата сина, Матеј кој е веќе возрасен и Марко, кој е тинејџер. И двата сина на Благоја пораснале во прекрасни момчиња, а таткото ги однел на шопинг и на дружба во трговскиот центар „Ист гејт мол“.
Под сликата, нашиот познат пејач на фолк музика напишал: Веселата дружина, и навистина е во право зашто оваа слика е навистина весела, а постариот брат Матеј, го прегрнал помалиот, Марко.
На социјалните мрежи често се појавуват слики од Благоја Алачки и од Михаил Грујовски, кој според она што е објавено на социјалните мрежи му е син на Ташко Грујовски кој е исто така познат музичар, а му е брат на Благоја Грујовски.
Познат ресторан во Крива Паланка објавил дека Благоја и Михаил ќе свират заедно во нивниот локал. Тие се инаку дел од групта „Дукат“, и со свирки супер им оди.
Имаат и настапувано во емисијата Везилка, која ја води Адријана Алачки, мајката на Благоја, заедно со Ирена Спировска, и чичкото на Михаил Благоја Грујовски, а оваа емисија која се емитува на ТВ Алфа зборува за македонската традиција, музичка и за гастрономските специјалитети.
Иако беше новинар во Македонското радио, музиката стана неговата животна приказна, објави неодамна Репортер кој направи интервју со Благоја Грујовски.
-Татко ми сакаше да бидам музичар, мајка ми интелектуалец, а не тезгар. И ете им ја исполнив и на двајцата желбата,вели Благоја во интервјуто за „Репортер“.
Ретко кој знае дека е роден во Белград, дека е дете на студентска љубов, но дека корените му се од Лазарополе. Отсекогаш важел за човек кој остава впечаток кај жените.
За него се зборувало сешто, триста муабети, афери за кои вели „ме погодуваат, оти не е баш сè така“.
„Јас не ум таков како што ме зборат. Јас сум повлечен, дискретен човек. Сум превал и јас глупости ко сите. Ми прилепувате секакви приказни, а мојот живот е ист како на другите“, вели Баже во разговорот за „Репортер“.
Благоја Грујовски повеќе од 30 години е на музичката сцена. Иако ко млад слушал рок музика, поради татко си решил да пее фолк. На времето едвај со врски со групата „Мераклии“ влегле на фестивалот „Цветници“ кога настапија со песната „Туѓино јабано“ и оттогаш Баже стана популарен.
Грујовски во младоста тренирал бокс, и ова е приказна која скоро никој не ја знае за нашиот познат пејач, а ја откри неговиот пријател Спасен Силјановски, пејачот од Кичево.
Спасен во емисијата Магазин за Благоја рече дека требал да оди на сојузен натпревар на ниво на Југославија, од што бил добар. Потоа, пејачот коментираше дека уште го сака боксот, уште го гледа, но не се занимава веќе ни рекреативно.
На познатиот музичар и новинар на Скопје најмногу му асоцира централниот дел околу камениот мост, кој како што вели сега е некако фрлен во втор план…
Што Скопје ти даде тебе, а влијеше на твојата личност и ставови?“, го прашале од Скопско ехо.
– Е, тоа е нешто друго. И Скопје ми даде, а јас си зедов, колку што можев да понесам. Најмногу од се ме научи, да слушам и да гледам. Да разликувам. Скопје има градско школо кое можеби не е најдобро на светот, ама, за тука, е корисно.
Што ти недостасува во градот, а што би одземал?, го прашале понатаму:
– Недостасуваат многу нешта и би исфрлил уште толку, но кусо: Мене најмногу ми недостасува простор, чист воздух и универзална сала. А, би демонтирал некои интервенции во и околу Вардар вклучително и панорамското тркало од 18. милиони евра, ако го направат“, рекол Баже.
Баже бјави слика со неговата згодна колешка Елена Велевска со која заедно патуваат накај Италија, каде што ќе имаат настап. Благоја често можеме да го видиме со Ирена Спасовска и Адријана Алачки во емисијата „Везилка“, а сега пејачот изненади кога објави слика со Елена.
Сигурно заедно ќе „газат“ на настапот што ќе го имаат во Италија, а нашинците кои живеат во Болоња дефинитивно ќе имаат вечер за паметење, кога ќе им пеат Елена и Баже.
Во еден од коментарите под сликата стоеше: „Супер сте како милион долари,“ а навистина ваква добра склопка ретко се наоѓа.