По Сања од „Брза кујна“, и тие успејаа да му се доближат на Новак Ѓоковиќ, наскоро ќе го гледаме во Македонија

0

Познато е дека новинарката Сања Савеска е една о ретките во Македонија, што има направено интервју со Новак Ѓоковиќ. Таа била упорна да го оствари ова, а во една прилика, на таа тема кажала:

– Тешко, но остварливо. Во екот на славата да се добие интервју од светски број 1 спортист е веројатно сон на секој новинар, а беше и мој предизвик.

За интервјуто со Новак чекав цели две години на одобрување и слободен простор кога тој ќе биде во Србија за да го реализираме.

Иако изгубив можеби надеж дека токму мене ќе ми отстапат простор еден ден, ден кој сигурно ќе го паметам целиот живот…

ми јавија дека за три дена треба да бидам во Краљево на Дејвис купот каде што ќе добијам прво ексклузивно интервју за Македонија од најдобриот тенисер во светот во тој миг.

Тоа што беше во екот на неговата популарност. Кој беше подобар соговорник…

па можам да кажам дека и двајцата се исклучителни личности, сосема непосредни и пријатни за разговор, луѓе со огромен респект, вистински ѕвезди, а сепак сосема обични и нормални.

Дефинитивно нивната големина е во нивната приземјеност и почитта која ја имаат кон сите нивни соговорници“, рекла Сања во интервју за Хибрид, а потоа додала:

Интервјуто пак со Ники Лауда се случи сосема спонтано и во рок од неколку часа кога дознав дека доаѓа во Македонија, поточно во Гевгелија,

со екипата се упативме кон југот каде што успеав од трикратниот шампион во Формула 1 да добијам кусо интервју.

Тв магазинот „Бекстејџ“ на својот Инста профил најави интересни нешта:

– Овој март, премиено во сите домови само на Телма. Бекстејџ ве води на сет од снимањето на новата балканска хит серија Во клинч… како снимаат најдобрите балкански актери?

Милан Калиќ отворено за сите животни предизвици, а Огнен Амиџиќ ги отвара вратите на балканскиот хит Амиџи шоу. Емотивно со Тијана Дапчевиќ – со солзи искрено кажува кој се и што и смета во Македонија,

Имаме простор и за најголемите регионални млади ѕвезди – ексклузивно со Војаж, а имаме време и за старите добри легенди, Тања Бошковиќ открива зошто толку ја сака Македонија.

Влеговме и на пресот на светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ, а ги имаме и деталите за новиот филм посветен на балкансото чудо – Раста.

И овој март, македонската, балканската и светската естрада ја носиме во вашите домови! И овој март гледајте Бекстејџ. И овој март – САМО НА ТЕЛМА“, стои во оваа објава.

Што значи дека Новак наскоро пак ќе го гледаме во Македонија, а освен Сања Савеска, и потоа екипа на емисијата Еден на еден- од Македонија успеала да му се доближи и екипата на Бекстејџ.

Претходна статијаОва е најпосебниот роденден на мајката на Тамара и Тијана, еве зошто е многу среќна (ФОТО)
Следна статијаСтефан Лазаров објави слика со Марта кога биле многу млади (ФОТО)