Во елегендатно издание, минатата година Снежана Лупевска се појавила на роденденот на естрадниот магазин Бекстејџ во Скопје, заедно со сопругот. Оваа новинарка инаку не оди многу на забавни настани.
Овој пат, изгледала одлично во чипкан фустан, а дошла заедно со својот сопруг. Сликата ја објави „Бекстејџ“ на својот Инстаграм профил.
На 21 јули во 2016 година, како што вели таа, го промени животниот код, а нејзиниот свет доби поинаква смисла.
Пред заминувањето дома, имавме чест да се запознаеме со Микаил, Ерџан и Снежана и да бидеме сведоци на уште една среќна семејна приказна- објави тогаш acibademsistinababy.mk
– Што би рекле нашите мајки, не е лесно да си мајка, затоа што сè што си направил во животот не се споредува со мајчинството.
Грижа за сопственото дете е чувство кое треба човек да го почувствува. Кога јас го почувствував, сфатив колку всушност светот се менува.
Работите што дотогаш ти биле битни веќе стануваат небитни, а целото твое битие е концентрирано на новороденчето, на мојот син.
Сега Микаил е мојот свет и за првпат во животот ми се случува сосема да го исклучам мобилниот и да не ме интересира апсолутно ништо што се случува во околината.
Подготвеноста за овој предизвик е една од потешките работи.
За сè друго човек може да биде подготвен и да научи теоретски, меѓутоа ова е нешто што го имаме веројатно како чувство во нас и се надевам дека тој мајчински инстинкт најмногу ќе ми помогне- изјавила Лупевска кога ѝ се родил синот.
Можам да зборувам од два аспекти, приватниот и професионалниот. Приватно апсолутно ти се менува сè, почнувајќи од организмот и целата психологија околу тоа дека чекаш нешто кое толку многу го сакаш.
За среќа, имав бременост без проблеми, па можев нормално да работам до доцна бременост. Изминативе девет месеци животот си течеше нормално.
Бременоста не е никаков хенд-икеп, напротив само радост и благосостојба. Многу позитивни чувства, тоа е она што можам да кажам за целата бременост.
Додека бев бремена не можевме да го одбереме името на бебето. Дури и кога се роди, кога ме прашаа како ќе се вика, јас реков нека каже таткото, а кога го прашаа Ерџан како ќе се вика, тој им кажал, нека каже мајката.
Микаил е име кое сме го размислувале, ама не го имавме договорено. Откако се роди, и двајцата го одбравме Микаил. Името е турско, го има и во Куранот и е еден од ангелите, како што е ангел и во православието.
Како и секоја мајка посветена на своето дете. Мојот животен код се промени и во наредните девет месеци ќе се посветам целосно на Микаил, кажала Лупевска Созен во интервјуто за acibademsistinababy.mk кога се родил синот.
Сега, Микаил е едно преслатко момче кое има чест ипол години, а Лупевска на својот Фејсбук профил често објавува слики од убавите мигови поминати со својот син и својот сопруг.
Снежана на телевизија ја гледаме како професионален новинар кој истражува за многу теми, а дома е сосема поинаква.
За да му го направи секојдневието поинтересно на својот син, таа учествува во разни игри со него.
Па така, на една од фотографиите, таа си игра заедно со синчето, и се маскирале заедно, во весела домашна атмосфера.
Снежана Лупевска во 2014 година на своето презиме го додаде презимето на сопругот Созен. Таа се омажи за својот избраник турскиот бизнисмен Ерџан Созен.
Снежана беше облечена во снежно бела венчаница креирана од Елена Лука. Семејната веселба се случи во ресторан во Скопје откако таа и Ерџан го кажаа судбоносното „да“.
Наместо меден месец, кој се одложил за периодот штом заврши сезоната на „КОД“, младенците замина на меден викенд во Охрид.
Снежана и Ерџан се запознале една година пред свадбата на семинар во Белград, каде таа учествуваше како новинар – истражувач, а тој како член на Турската стопанска комора.
22.02.2022 Осум години откако демек спонтано позиравме на денот на свадбата кај матично (тогашно матично), напиша таа до една слика која ја објави минатата година на Фејсбук, што значи дека Снежана и сопругот славеле 9 години брак неодамна.