Си заминал од Македонија, печалел во странство и еве зошто се вратил- животната приказна на Лазар Бараков

0

Незаборавен лик од македонските народни приказни, и не само од оваа серија е актерот Лазар Бараков, кој и денес е актуелен во медиумите иао живе мирен и повлечен жиот.

Во нив тој секогаш имаше интересни улоги, па од ѓав ол до слуга и будала сме го виделе во секакво издание.

Фото: Јутјуб принтскрин

Во голем дел од приказните тој беше слуга на најголемиот македонски цар од народните приказни – Ѓорги Колозов. Лазар потекнува од струмичкото село Мокрино.

Со старите македонски народни приказни израснаа многу генерации. Времето врви, генерациите се менуваат, а приказните чиниш како да се направен денес.

Се’ уште атрактивни и уникатни и по својата содржина, реализација, актерска изведба… Ги гледаат и се потсетуваат на нив и повозрасните, им се радуваат и учат од нив и поновите генерации.

Се разбира, денес повторно се снимаат нови серијали, со нови помлади актерски ликови, иако се чини дека најзаслужни за нивната популарност се токму актерските легенди како Ѓорѓи Колозов, Ванчо Петрушевски, Шенка Колозова, Гоце Тодоровски, Стојна Костовска, Кире Печијаревски, Лазар Бараков….

За жал, некои не се повеќе меѓу нас, други се’ уште се дел од приказните, додека трети пак гордо се сеќаваат на времето кога ги играа едни од највпечатливите улоги во „македонската играна ТВ лектира“.

Бараков во една прилика, во ТВ Сител раскажа дека ако не е во Скопје или Софија, каде што најчесто се движи, тој е во родната Струмица.

„Не можам да се откажам од таа убавина што Господ ја дал во цела Македонија што треба да ја сочуваме“, рече актерот.

Фото: Јутјуб принтскрин

-Криво ми е кога одам накај моето родно место накај Струмица, најак Подгорието, ќе пресретнам ѓуб ре. Бог да чува“, беше лут Бараков.

Денес тој ужива во седмата деценија од животот со сопругата Лилјана и децата Македонка, Викторија и Александар. Македонка живее во Германија и го направи Лазар најсреќен дедо.

Актерот рече дека е презиситен од Македонските народни приказни, и сега им остава простор на помладите да снимаат.

Бараков на 17 години завршил гимназија и имал желби за многу професии, и некако на брзина се запишал на Академија во Белград.

– Тие гладни години, 72 година, бев само две години во Белград, и потоа заминав за Австрија. Во Виена останав две години, работев разни работи, учев јазици.

Потоа, кога се вратив во Македонија, од носталгија, на моите им беше желба да студирам нешто друго, да студирам медицина. Јас отидов во Софија, и бев примен и на глума и на медицина.“, рече Бараков.

Тој истакна дека нешто од внатре го терало да стане актер. „Моите родители мислеа дека студирам нешто друго. Арно ама, кога за првпат се појавив на еден бугарски филм, разбраа дека не сум тоа што требаше да бидам.

А јас бев на Медицински факултет само три дена. Ама тоа го чував две години во тајност. Кога разбраа, стариот мој беше пресреќен“, откри актерот.

Претходна статијаСузана Турунџиева прозборе за татко си- еве што е највредното кое го има наследено од него
Следна статијаВикторија Јаначковиќ распали по одредени жени- што е ова, пет минути пред нив усти одат?