Викторија Јаначковиќ распали по одредени жени- што е ова, пет минути пред нив усти одат?

0

Нашата некогаш многу позната манекенка Викторија Јаначковиќ неодамна роди ќерка и рече дека самата ќе се грижи за неа, а кажа и малку детали за таткото.

– Многу ми е антипатично кога една јавна личност ќе почне да излегува од „фрижидер“ поради нејзината бременост. Во бременоста не бев воопшто поразлична од другите жени.

Прескокнав дегутантен дел со гол стомак и сликање на истиот. Со самото тоа, ретко кој освен моите најблиски и неколку пријатели знаеа што се случува. На 26.01.2023 се роди Никита, девојче.

– Од кога се случи Никита, многу пати за овој краток период кажав, „тууу како не станав пет пати мајка од 25 години па до сега“.

За жал, ќе бидам искрена, имав патолошки страв од самото породување,„се простував од него“ што е необјасниво, бидејќи како за мене така и за сите жени, но не можев никако да се справам со стр авот.

Деветте месеци ги поминав во движење и работа, и не придавав многу значение на тој процес и правев сѐ контра од она што докторите ми го кажуваа. За среќа, тоа немаше никакви реперкусии врз Никита.

Жива, здрава и права се роди. Топло препорачувам на сите идни мајки, секако доколку немаат прблематична бременост, да не се лигават и да си го слушаат своето тело што им кажува.

Што се однесува до самите години и мајчинство, во истите не гледам никаков проблем, дури и мислам дека имам повеќе трпение и мудрост за сето она што доаѓа, од порано. И така се чувствувам физички и психички како 25-годишна, така што ништо не ми е проблем.

Многу луѓе ме прашаа „а кога се омажи по вторпат“. Мене ми е тоа смешно, затоа што хартија од тој вид не ми е доказ дека некој би бил одличен татко.

Знам многу примери каде што таткото е на хартија и, за жал, само на хартија. Не се омажив, и не планирам и тој вид на припаѓање ми е надминат. Таткото на Никита, за среќа, не е од овие простори и среќна сум поради тоа.

– Неверојатно е чуството да си мајка. Не би имала вистински збор како да опишам. Тоа е една посебна љубов неспоредлива со која било друга. Не верував кога ми кажуваа, и најчесто превртував очи кога ќе слушав.

Имајќи предвид дека сум „тазе“ мајка, ништо не ми е тешко, освен што ми треба едно 2773738 сати сон. Таа е многу златно бебе, и се буди само кога е гладна или треба да се пресоблече.

Имам повеќе енергија од кога било, и ништо не ми е тешко. Апсолутно сѐ правам самата. Ми помага мајка ми, но не сакам никому да давам обврски. Никој не е должен.

Чекам да излеземе со Никита по одреден период, и да дише некој убав воздух. Да, ветувам нема да се прибереме дома“, рекла во Слободен печат Викторија.

На Инстаграм профилот на емисијата „Нешто конкретно“ се појави видео од гостување на Викторија.

Ова е нејзини прво јавно појавување откако ја роди ќерката, изгледа топ, а ова видео, таа раскажува:

-Не сум особа која сака уметрени работи. Кога пијам вино, не сакам пола чаша.. ња, ња, њањаво… Не, сакам да ми биде, топ, супер“, рекла Викторија.

А Снеже Велков на ова одговорила- цела боца, на штопак Викторија вели: Така е! А потоа нашата позната манекенка вели: Али во овој случај, постои нешто…

Еве, мене ми смета. Во ред е тоа да биде малце, вкусно- што е она пет минути пред нив усти одат?“

Претходна статијаСи заминал од Македонија, печалел во странство и еве зошто се вратил- животната приказна на Лазар Бараков
Следна статијаКолекционер на овие нешта- Валентин Николовски од „Сител“ се пофали со своето богатство (ФОТО)