Кога велат дека жените се како виното, колку повозрасни, толку позгодни, очигледно мислат на атрактивната водителка…
Многумина викаат дека оваа водителка е нашата најшетана јавна личност. Нема каде не била и не правела репортажа и тоа го прикажала во емисијата Нешто незадолжително.
Станува збор за Берта Додевска, за која веќе има и позитивни шеги во смисла: Шетан сум како Берта Додевска. А таа беше насекаде низ светот и ужоваше во сите патувања.
Берта го има и прошетано светот, таа е позната по своите репортажи со кои сите плакнеа очи. А за плакнење очи е и нејзиниот изглед.
Доказ дека годините може да бидат само бројка e познатата водителка, објави Еспресо.мк. Таа и во петтата деценија од својот живот може без никаков проблем да објавува фотографии на кои позира во бикини.
Нејзиниот профил на Инстаграм е вистински празник за очи. Покрај тоа што може да видите фотографии од најразлични краеви на светот, ќе имате можност да ја видите Берта и во најразлични модели на бикини.
Таа раскажа дека прво работела на радио, па после и се укажала пшанса за на телевизија.
„Само знаев дека не сакав да седам со некого, и да има жолто сокче помеѓу, и тоа да биде студио.
Првата идеја беше- ајде да не правиме нешто толку типично, ајде да направиме интервју на некои вонредно место. И првата емисија, во 1996 година, беше Воја Брајовиќ во еден мерцедес, наш семеен мерцеде, 5 метри и 30.
Воја Брајовиќ и јас на задно седиште, снимателот напред застанат, изваден наслоњач, тој не снима и ние возиме од Скопје до Табановце. И се случи во првите 5-6 месеци, емисијата веднаш стана независна, „Нешто незадолжитено“, поглупав наслов не можев да смислам.
Морам да го кажам вака, значи нај страшно нешто, толку глупав наслов, што сите го памтат. Сега е само „Незадолжително“, и не можам да се откачам од насловот, сите го каживаат уште тоа „Нешто незадолжително“.
Берта минатото лето го промовираше македонскиот туризам. Имено, таа уживаше во Негорските бањи, а на нејзиниот Фејсбук профил напиша: Педесетте нијански на македонскиот дијамант. Термални води во вашиот двор.
До неа во џакузито е стилистот Сретен Костиќ, кој ѝ правел друштво на ова патување.
Берта објавила една своја многу јака фотографија на која топ изгледа, во фустан кој супер и стои и се гледа дека се нема многу сменето од времето кога беше активна на ТВ.
Таа до оваа своја слика открила и едно важно нешто: Кој е оној на кој може да се поптре.
„Потрпи се на себеси, барем знаеш со кого си имаш работа“, напишала Берта до оваа слика.