Росана по долго време се огласи во врска со Коки, откри во какви односи се сега

0

Росана Петревска важи за жена која во секоја прилика внимава на својот имиџ. Во јавноста позната како лице за односи со јавност, заштитно лице на модни брендови и дама која диктира нови трендови.

Иако далеку од очите на јавноста, Петревска собира позитивни искуства од патувањата низ Европските метрополи. Често отсутна од државава секогош во друштво на нејзината ќерка Лара, Петревска плени со насмевка и носи нови модни трендови.

Минатото лето го разубави не само Охрид, туку и Маврово каде ја видовме како ужива во планински амбиет и чист воздух“, обајви Женски магазин минатата година

Последниот период, таа со својата ќерка посети неколку европски градови, меѓу кои и Рим, Виена и вели дека патувањата ја релаксираат и ѝ отвараат нови можности за кои вети дека наскоро ќе раскаже во јавноста.

Петревска, порано Јанков, беше доста актуелна во јавноста и по нејзината работа, како успешна деловна жена, и по разводот со виолинистот Коки Јанков со кого има ќерка.

„Во моите очи Дуле и Коки тие беа ѕвезди, а јас млада девојка која амбициозно си ја почнува својата кариера како хонорареец во МТВ.

По неколку години на иницијатива на мојот братучед излеговме со него во дискотеката „Б2“ каде што свиреа Дуле и Коки.

Само што влеговме во диското, забележав едно многу убаво момче, ми се пресекоа нозете и мислам дека тоа беше љубов на прв поглед.

Кога го видов дека се качува на бината и дека ја отвора виолината, го препознав.

Со мислите се вратив назад во времето на моето прво интервју со него. Се немавме видено многу долго време и мислев дека не се сеќава на мене, кога на мојот телефон добив порака: Здраво.

Пораката беше од него и од тој миг знаев дека е тоа, тој. Го послушав срцето и еве од тогаш поминаа точно 10 години, години кои ги поминувам со мојот љубен, во среќа, хармонија, пријателство“, раскажала Росана за Коки додека биле во брак.

– Денот ми почнува со бакнеж од ќерка ми Лара и гушка од Макс (Бушон фризе, нашиот најсакан).

Утринското кафе сакам да си го испијам сама, ако сум дома на тераса, а ако сум на работа со релаксирана музика и со моите почитувани колешки и колеги.

Кога утрински ќе го зграпчам денот со убава и позитивна енергија, летам со најголема посветеност кон работата.

Во текот на денот знам да се напијам уште едно кафе заедно со тимот на АМСМ и да уживам.

Ме мотивира Лара, мојата среќа, но и животот и предизвикот во ова време невреме да испливам достоинствено кои моите цели. Мојот пат е трнлив и не секој го изодува, но мојата крајна цел е чиста и јасна.

Хороскопски дупла скорпија кога ќе постави цел, таа секогаш за многумина изгледа многу висока, но за мене е предизвик за да си докажам дека скалите од поглавје до поглавје треба да бидат што повеќе мотивирачки.

Знам дека најголемата поддршка и мотив ми е нана Убавка од Калифорнија која е редок пример на човек кој вешто си го чувам и негувам.

Агендата ја правам зависно од проектите кои ги работиме. Ангажираноста на мојот тим е голема, но голема е и желбата да успееме да ги убедиме да ни ја ко-финасираат кампањата за безбедност, за да можеме и локално да делуваме со истата.

Мојата посветеност, прецизност и професионалност се секогаш на ниво на задачата за тоа што во одреден период ми е фокус.

Во однос на приватниот живот, несомнено на прво место е Лара и тековните обврски поврзани со незиното школување и воннаставните активности.

Секако, тука се и заедничките прошетки со Макс кои ни овозможуваат, мене и на Лара, секојдневно пешачење, но воедно и разговори и другарување меѓу мајка и ќерка.

Откако ќе завршат обврските се релаксирам со добра книга, со добра музика“, изјавила таа во истиот медиум.

Росана сега на Фејс ја споделила новата песна на Коки и напишала интересна објава со која кажала во какви односи се всушност тие двајца.

Таа шернала линк од новата песна на Коки која е со наслов „Муабет“ и напишала: Потполна поддршка на таткото на мојата ќерка Коки Јанков“.

Притоа, Росана ставила емотикон со браво, а ова кажува во какви односи се всушност Росана и Коки, и значи дека се во добри и пријателски односи, а песната на Коки можете да ја слушнете ТУКА. 

Претходна статијаОвие четири девојки раскажаа најискрена и најтажна приказна за Влатко Илиевски, за нив беше многу посебен
Следна статијаТрифун Костовски оживеа спомен стар повеќе од 20 години- еве како луѓето околу реагираа на ова (ВИДЕО)