Трифун Костовски оживеа спомен стар повеќе од 20 години- еве како луѓето околу реагираа на ова (ВИДЕО)

0

Трифун Костовски како политичар најмногу го опишува неговото мото „За мене единствена партија е Македонија“.

Во својата работа како независен пратеник, член на многу домашни и меѓународни организации и градоначалник на Скопје, Костовски секогаш на прво место ја става Македонија и нејзините граѓани, нивните потреби, почитувањето на човековите права и достоинството на сите Македонци и земјата на која и го посвети својот живот.

Трифун Костовски животот го посветува на помош на оние на кои им е најпотребна, грижа за науката, културата и уметноста, иако јавноста најмногу го знае по неговото спонзорирање во спортот.

„Многу луѓе ме сметаат за богат човек и во право се’, јас токму така се доживувам.

За жал многу малку луѓе низ животот успеваат да се почувствуваат богати, а јас сум среќен што животот ме „научи да сум богат“ – има кажано Трифун и додаде:

Тоа што сум пораснат со вистински вредности ми помогна секогаш да можам да правам разлика помеѓу вистинското и лажното богатство.

Она лажното, се изразува во пари, бројки, сметки … и причинува моментално задоволство кое бледее секој ден се’ повеќе.

Како Македонец, во животот се фокусирав на она вистинското, трајното, исконското. Она коешто секој патриот треба да го создава доколку му се пружи шанса.

Моето богатство е наше, моето богатство е нераскинлив дел од нашата богата историја и сметам дека дојде време да го споделам со јавноста.

Трифун за својот приватен живот ретко пишува на социјалните мрежи, а кога ќе објави некоја семејна фотографија, реакциите од народот се многу љубезни.

Имено, Трифун е татко на 3 деца: Олга, Коста и најмалиот си Филип кој поретко го гледаме во јавноста.

-Односот на мојот татко ме научи дека чистиот образ е најважен. Тоа беше мојот компас во животот. Така се воспитани и моите три деца.

Имам чесни деца кои се исправени пред себеси и пред своите семејства, со чесни намери, нивното човекољубие е евидентно присутно кај сите нив.

Семејството ми е приоритет. Здравјето и иднината на моето семејство секогаш се во фокусот на мојата визија. Трифун исто така себеси се смета за совршен сопруг и со сопругата Драгица-Дизи рече дека имаат прекрасен однос.

Тој во една прилика рече дека не и се меша на сопругата таму каде што не му е место. Тоа најмногу важи за домашните обврски, а посебно во кујната.

Драгица дури му рекла да не пристапува во кујната, ниту да пазари бидејќи секогаш купувал нешто погрешно.

Вообичаено сум познат меѓу граѓаните како дарежлив човек, и апсолутно сè што имам во џеб ќе го дадам, и сопругата често пати ми префрлуваше со зборовите: ти штедиш на децата, не им даваш на децата, туку даваш на други. Тоа ме погоди.

Во времето кога го создавав целиот бизнис, најмалку бев дома. Бев одвоен од семејството, патував, имаше многу предизвици. Бев одвоен од дома и знаев дека на децата кои бескрајно ги сакам, не можев да им дадам стопроцентно татковска љубов.

Честопати мислев сметав дека со мали подароци треба да ја купам нивната љубов или почит, што сметам дека е погрешен пристап. Секое дете си бара време кое треба да му се посвети.

Забележавме дека времето кое јас и мојата сопруга му го посветивме на третото дете, многу се одрази на неговиот однос кон мене како татко, поинаку отколку кај првите две деца“, рече Трифун.

Инаку, на Фејсбук профилот на актерот Дац и на музичарот Александар Митевски се објавени слики од концерт на кој тие настапиле во Драмскиот театар во Скопје, и имале многу гости.

И како дел од тие гости бил и Трифун Костовски и спред она што се шерува денес по социјалните мрежи тој ја испеал песната „Срце тетовирано“.

Слушавме различни песни, од „Прва љубав“ на Балашевиќ, „Чија си“ од Славе Димитров, „Лоше вино“ од „Бијело дугме“ – омилените на Дац.

Но, и дел од убавите песни на Александар Митевски: „Латино цеде“, „Срце тетовирано“, во која на сцената им се придружи Трифун Костовски, кој јавно запеа по долго време, а звучеа речиси исто како и пред повеќе од 20 години“стои во објавата на Слободен печат.

А според сликите што ги има на Фејсбук, луѓето ептен убаво реагирале на овој концерт, и со самото тоа на анстапот на Костовски кој го оживеал овој стар спомен на оваа песна.

– Синоќа реков дека пеам за жените и отпеав за вас, почитувани мои прекрасни дами. Се надевам дека го почувствувавте тоа.

Ми беше чест и задоволство да гостувам на синоќешниот концерт на Александар Митевски и Драган Спасов Дац насловен „Уште ми фалиш – посветено на жената“ што се одржа во Драмски театар по повод 8 Март“, напишал Трифун на Фејсбук.

Претходна статијаРосана по долго време се огласи во врска со Коки, откри во какви односи се сега
Следна статијаМлада се развела и останала сама со двете деца- се вратила од странство и почнала од нула: Животната приказна на Лидија Вукиќевиќ