Овие четири девојки раскажаа најискрена и најтажна приказна за Влатко Илиевски, за нив беше многу посебен

0

Својата кариера ја започна на почетокот на 2000-те и се стекна со голема популарност ширум македонската публика. Во 2011 година Влатко Илиевски ја претставуваше Македонија на Евровизија во Германија со песната „Русинка“.

Пред да ја почне својата соло кариера, тој беше дел од музичката група „Морал“. Заврши на Факултетот за драмски уметности во Скопје, а дипломираше со претставата „Гнев“ на Стивен Кинг.

Влатко засекогаш си замина на 6 јули во 2018 година, неколку дена по својот 33 роденден. Многу негови блиски и фанови уште се во неверување за загубата на ова талентирано момче, миленик на сите генерации.

„За љубов се пее до крај“ беше насловот на една од неговите песни, дует со Ристо Самарџиев со кој победија на „Охрид фест“ во 2009 година. Ова беше една од триесет и петте фестивалски награди на Влатко.

Токму по оваа песна се вика цедето кое беше издадено во сеќавање на Влатче, како што најблиските и пријателите од естрадата го викаа.

На цедето има 19 песни, кои внимателно ги избра неговото семејство, таткото Драган, мајката Јулија и сестра му Наташа.

Таткото на Влатко, Драган Илиевски- Вршац, познат спортист и скопски угостител за Женски магазин ја раскажа приказната и симболиката на овој албум и се присети на најдрагите нешта на својот син.

Албумот не е комерцијален, нема да се продава, го подаривме на сите фанови на Влатко, од срце. Таков беше Влатко, сакаше да подарува.

Кога ќе се случеше на фестивал да не победи, а бил фаворит, или поради погрешно пресметани поени како што се случи еднаш на „Охридски трубадури“ не се лутеше.

Само ќе речеше: „Нема врска, и ќе излезеше да ја прими втората награда со насмевка. Никогаш на никого не му се лутеше, сè решаваше со насмевка.

Многу патувам низ цела Македонија и луѓе постојано ме прашуваат дали ќе има албум со неговите најголеми хитови.

Мило ми е кога ќе слушнам дека луѓето не ја забораваат музиката на Влатко и токму поради нив ова го правиме“, изјави Драган Илиевски.

Неговиот татко Драган Илиевски- Вршац, собра сили и организираше промоција на албум со познати и сосема нови, никогаш необјавени песни од Влатко, „Последното танго“ мината година.

-Денес сите го славиме Влатче. Не е лесно, но овој настан е замислен како весело дружење, какво што Влатко би сакал да види“, рече познатиот музички новинар Иван Беќковиќ, промоторот на настанот, и голем пријател на Влатко.

На промоцијата, историјата на неговото дружење ја раскажа и авторот Владимир Дојчиновски-Дојчин, а објави Женски магазин.

На Фејсбук страницата на Влатко Илиевски е објавена една песна која за него ја пеат четири девојчиња, а тоа се всушност деца кои пееле на фестивалот „Златно славејче“.

Песната ја пеат: Елена, Матеа, Викторија и Анастасија Музика и текст: Елена Георгиевска, Матеа Илиева, Викторија Ефтимова, Анастасија Илиевска

Аранжман и продукција: Валентино Скендеровски Клавијатури:Валентино Скендеровски, Песна посветена на Влатко Илиевски“, стои во описот на ова видео.

– Елена Георгиевска, Матеа Илиева, Викторија Ефтимова и Анастасија Илиевска кои се членови на хорот “Златно Славејче” напишаа и снимија песна посветена на нивниот пријател и идол Влатко Илиевски.

“Секогаш твоето име ќе го величиме и засекогаш ќе остане врежано во нашите срца. Со тебе пораснавме, се дружевме, а сега те нема…

Ќе се потрудиме да го зачуваме твоето дело и никогаш да не бидеш заборавен!” – напишаа девојчињата.

Сега недостаигаши ти и твојот лик, замина во еден миг, веќе недостогаш со тага и љубовта твоја драга“, се вели во оваа многу емотивна песна.

Песната можете да ја слушнете подолу

 

Претходна статијаКолекционер на овие нешта- Валентин Николовски од „Сител“ се пофали со своето богатство (ФОТО)
Следна статијаРосана по долго време се огласи во врска со Коки, откри во какви односи се сега