Ранко Петровиќ, сопственик на најслушаното радио за 2022, радио „Бубамара“, ба Светскиот ден на радиото 13 февруари, гостувал во студиото на „Утрински печат“ на „Слободен печат“.
Петровиќ е инаку автор на најголемото телевизиско шоу кај нас „Златна бубамара на популарноста“, кое годинава ќе се одржи на 16 март, во четврток.
– Ние со нашиот тим во радио ‘Бубамара’ си ја сакаме својата работа. Се трудиме уште од 1994 година, да ги следиме трендовите, да наметнуваме трендови.
Јас сум со радиото уште од 1989 година, бев и во Македонско радио како музички соработник, па Младинско радио, Студентско радио, за на крај да го основаме радио ‘Бубамара’.
Во принцип, радиото како медиум, иако е старо 120 години, е медиум којшто е константен кај луѓето кои сакаат музика, пријатни вести и добри информации.
Во ‘Бубамара’ ние се трудиме изборот на музика и песни да го следи и ритамот на денот, да се одбележуваат важните датуми, новите песни и на еден начин да биде убаво друштво на сите слушатели.
Од 13 февруари имаме и нов слоган на радиото кој сега ќе биде ‘Радио Бубамара – добриот дух на главниот град’“, вели Ранко за работата на радио „Бубамара“.
Ранко Петровиќ, објави информација која малкумина надвор од неговото семејство ја знаат.
„За добро утро пред неколку дена татко ми наполни 87 години и по тој повод професорот Мирослав Бошковиќ напиша текст за неговите спортски успеси“, напиша тој на крајот од 2021 година, што значи дека неговиот татко сега има 88 години.
Во прилог ќе ја видите единствената фотографија на македонски скокач со стап и да прочитате како известувале дневните весници за спортскиот живот во Скопје во средината на минатиот век“, напиша Ранко Петровиќ.
Потоа го сподели статусот на Проф. Мирослав Бошковиќ:
ВО СВОЈАТА АТЛЕТСКА КАРИЕРА СВЕТО ПЕТРОВИЌ ОСУМ ПАТИ ГО ПОДОБРУВАШЕ МАКЕДОНСКИОТ РЕКОРД ВО ДИСЦИПЛИНАТА СКОК СО СТАП
-Во првата половина на 50-те години, АК “Работнички” беше најдобрата екипа во СРМ. Атлетичарите и атлетичарките од овој клуб доминираа на републичките екипни и поединечни првенства и сите други атлетски натпревари во Републиката.
Во периодот 1952 – 1958 година, беа освоени сите екипни првенства на СРМ во машка и женска сениорска и младинска конкуренција, повеќето поединечни првенства, прввите места низ улиците на Скопје, поголемиот број македонски рекорди во машка конкуренција исто така станаа сопственост на членовите на АК “Работнички”.
Се јавуваат неколку извонредни поединци, кои станале прваци и републички рекордери, меѓу кои се најпознати Чедо Шаревски, Боро Јојкиќ, Љубиша Трбоевски, браќата Радмило и Слободан Поповиќ, Мирко Буневски, Пецо Митевски, Милан Младеновиќ, Блаже Сотиров и др.
Покрај овие врвни атлетски имиња, својот талент го открива и Свето Петровиќ, во дисциплината скок со стап.
Несудениот гимнастичар Свето Петровиќ, во периодот од 1954 до 1957 година, дури осум пати го подобруваше македонскиот сениорски рекорд, и е атлетичар со најголем број постигнати рекорди во својата атлетска кариера“, напиша Петровиќ.
А инаку, годинава наградата за животно дело ќе ја добијат браќата Ѓорѓи и Миле Барбаровски, автори на многу наши познати песни, евергрини напишани за Блага Петреска, Гоце Арнаудов, Пепи Бафтировски и многу други.
Петровиќ шернал едно стори на Фејс и таму открил кој годинава ќе настапи на Бубамара. Со него на сликата е Игор Џамбазов.
А инаку, Џамбазов објави дека веќе 26 години, секоја госина се појавува на оваа манифестација, па така ќе биде и оваа година според она што го кажа Џамбазов.
Во четврток по 26 ти пат, ќе се одржи Златна Бубамара на популарноста. Ќе бидам на сцената, и јас по 26ти пат. Традицијата не смее да се прекинува“, објавил Игор.
А сега, на сториот кое го шернал Ранко Петровиќ се гледаат дел од учесниците на ова манифестација кои најверојатно вежбаат за во четврток.
На сликата се Петровќи, Игор Џамбазов, како и Блага Петреска…, што покажува дел од учесниците на оваа шоу програма.