Го направи овој романтичен гест за неа- еве зошто Тарабунов и неговата девојка слават (ФОТО)

0

Неодамна, пејачот Александар Тарабунов ја објави својата најнова песна „Далечна“ која ја објави со повод.

Зоран Зонде Стојановски го сними видеото за спотот, а негов е и текстот, додека аранжманот и музиката е на самиот Александар.

„Ви испраќам ѕвезди со најубав сјај затоа што тоа го заслужувате, Среќен 8-ми март драги дами. Ви ја поклонувам мојата нова песна“, рече Тарабунов.

А инаку, една од работите што нè следи цел живот е името. Секое има посебно значење кое во најголем дел ја опишува личоста која го носи.

Изборот, пред сè, зависи од желбата и вкусот на родителите, но порано не било така. Секогаш поизвикани се оние имиња кои ги носат личности кои се занимаваат со јавна професија.

Меѓу нив и познатите од македонската музичка сцена кои имаат интересни приказни“, објави Женски магазин во една прилика, а меѓу познатите е и прикзната за Тарабунов.

Пејачот Александар Тарабунов со прекар Тара, гордо го кажува неговото име уште од најрана возраст.

Крстен е по баба му која се викала Александра. – Кога бев мал татко ми ме учеше кога ќе ме прашаат како се викам да кажувам Александар Тарабунов Македонски–раскажа Тара.

На крајот од минатата година, Таранунов промовираше песна во диско ритам, која има звук на седумдестите. Песната се вика „Само ти ми фалиш“.

И целата промоција била како диско журка, на која танцувале гостите од сите генерации. Меѓу нив и нашата музичка легенда, Ванчо Тарабунов, кој е многу горд на својот син, Александар.

Поддршка константно му дава и сестра му, уметницата Христина Тарабунова. Во песната, гостува и Тамара Тодевска.

-Се надевам дека оваа песна ќе ве допре сите, и убаво ќе се забавувате. Верувам дека додека ја слушате, копчињата ќе ви заиграат“, рекол Александар пред гостите.

Неговиот ден е исполнет и со ангажаманите во Македонската опера и балет, каде работи и пее во хорот на операта, објави Фешнел во една прилика, а Александар за овој портал изјави:

-Сум сретнал луѓе што сметаат дека сум арогантен, дека со мене не може да се разговара, а напротив, јас сум многу комуникативен човек.

Мене не ми е проблем да застанам и со секого да направам муабет – тоа и го правам. Сакам да се дружам, моето мото е дека колку повеќе пријатели имаш, толку си побогат човек, затоа што од секого можеш да научиш по нешто – смета тој.

– До мене имам и живеам со голем уметник, во вистинска смисла на зборот. Тој е динамичен и интересен човек, кој многу гласно зборува, што не е лесно секогаш.

Но, од него навистина научив многу работи, што на ниту едно друго место ги нема, без разлика дали се работи за музика, или воопшто животот – како да се однесувам, да донесувам одлуки…

Кај него посебно го почитувам тоа што е праведен човек и што тоа што го мисли или му пречи го кажува в лице, без влакна на јазикот.

Како созревам, така градиме сè подругарски однос – раскажува Александар за звојот татко Ванчо Тарабунов.

Минатото лето, Тарабунов на Инста стори ја покажа својата девојка. Станува збор за атрактивна црнка која на Инстаграм е потшишана како Полена Калина.

Всушност, сликата на која уживаат на море, ја шернала прво таа, па Александар, а девојката се вика Калина Поленак.

А сега, тој шерна неколу стоприња како својата сакана ја изненадил за роденден. Ја однел на романтично патување, и тоа во Рим.

Потоа, на други сториња покажал како се слави роденденот, во ресторан, а на Калина, келнерот и носи десерт со свеќичка, додека Александар и ја испеал роденденската песна, Happy birthday!

Претходна статијаДракче сподели убава вест од нејзиниот дом: Среќа ни донесоа, аирлија нека е (ФОТО)
Следна статијаРанко Петровиќ откри кој ќе пее на „Златна Бубамара“, оваа слика кажува многу (ФОТО)