Погледнете каде ужива нашата најпозната фолкерка: Ваков поглед нема секој, заслужила, еве и зошто (ФОТО)

0

Ирена Спасовска за себеси вели дека по природа е бо рец, и работи од својата 16-та година.

„Како самохрана мајка овие години за мене и Тамара се трудам да обезбедам пристоен живот“, изјавила пејачката, која е 30 години на естрадата.

Ирена вели дека секогаш кога оди надвор од Македонија, тоа е преубав спој на работа и прошетка, а шопингот е неизбежен.

-Да, има попусти на одредени работи но јас за што се фатив баш тоа немаше попуст хаха.. Си купив неколку парчиња и секогаш гледам да бидат квалитетни, удобни и функционални.

Одамна не се лажам по попусти бидејки тогаш човек купува и што му треба и не треба. Присталица сум на две или три парчиња квалитетни и да знам дека ќе ги носам“, кажа Ирена во една прилика, кога ја посетила Италија.

-Во времето кога јас почнував се почнуваше со оние стари, македонскии песни, но јас кога почнав на 14 години во тоа време беше срамно да се каже дека пееш народно.

Почнав забавно и набргу видов дека забавното некако не ме влече, и почнав од 15 години да си снимам народни песни.

Пејачката сега настапува насекаде низ Македонија, а по напорната агенда со настапите, таа често знае одмори во Охрид.

Кариерата на Ирена Спасовска трае веќе 30 години, таа многу одамна за првпат се фатила за микрофонот и од тогаш пеењето е нејзина професија која ја работи со многу љубов и посветеност.

-Не дека јас сум стара, туку едноставно почнав да пеам на 14-15 години, и затоа велам не сум ни толку стара, иако некој ќе рече:

Леле, од кога пее Ирена? И сите добиваат една погрешна слика. Инаку сум во цутот на најубавата младост“, рече пејачката во емисијата Фолк Ексклузив.

-Да се пошегуваме малку. Приватно, кога не пеам јас сум пред сè мајка и секојдневно се соочувам со оние убави и помалку убави работи што ги носи животот на една тинејџерка, од нели љубовни проблеми до помагање во училиштето.

Јас се навратив нели на тој период, сега повторно повторувам историја, право, македонски, целта ми е нели да си го насочам детето, да го изведам на прав пат, потоа доста шетаме, одиме, посетуваме разни места, се дружиме во текот на денот“, изјави Ирена за својата ќерка Тамара.

Во тој период таа била помала, но сега има веќе 23 години, а Ирена често на Фејсбук знае да се пофали со својот убава ќерка, и времето што го поминува со неа и со нивниот домашен миленик.

Таа неодамна изјави дека го нашла совршениот начин како да ја ослободи негативната енергија.

„Кризата нè погоди најмногу нас, естрадните уметници и да бидам искрена за да не западнам во меланхолија, многу ми помогна тоа што возев по два часа часа велосипед на ден и целата негативна енергија ја ослободував преку возењето.

Нашата работа е специфична, бара контуинирано работење и не трпи подолго излегување од колосек.

За да се одржи во добра форма, пејачката редовно вежба во теретана со личен тренер, внимава на изгледот, вегетаријанец е и се храни здраво.

„Секое утро, пијам свеж лимон со пола литар топла вода“, вели Ирена за својот ритуал.

Неодамна, таа сподели интересна порака на Фејсбук: Никогаш не се врти наназад. Таму е сè без промена.

Убав ден пријатели. Ирена во последно време стана инфлуенсерка, по теркот на светските и на балканските ѕвезди од нејзината фела.

Сите тие, сега заработуваат на овој начин. Откако пејачите слабо настапуваат, таа на Фејсбук рекламира разни производи кои ги конзумира и во кои ужива.

Станува збор за здрави напитоци, салони за убавина, ресторани, салон за мебел, па дури и кломпи. Таа на Фејсбук им упати порака на сите оние кои ја критикуваат. Објавувајќи своја фотографија, Ирена напиша:

– Во инает на моите мразачи и годините што доаѓаат се чувствувам помладо дури и од пред петнаесет години. Ќе му пркосам на времето со мојата ведрина, духовност и виталност“, напиша пејачката.

Ирена често објавува слики каде ужива и се гледа дека знае да го цени секој момент во животот. Таа објавила дека моментално е во Охрид, каде често патува. Ирена престојува на место каде што се гледа погледот го опфаќа целото езеро.

Фолкерката ги качила нозете на оградата, се облекла во лесна облека и ужива во спокојот кој го нуди ова место, но после цел труд кој го вложила во кариерата, нашата фолкерка заслужила ваков одмор.

Претходна статијаБогдана не го сакала Вељко на почетокот: 3наев дека е женкар, па го одбив, Анастасија е „виновна“ за љубовта
Следна статијаВесна Бејби откри како го фатила мажот со друга и какви мубаети тера сега со сегашната сопруга на нејзиниот поранешен маж