Откриена вистината, еве во какви односи се навистина Брена и Пријовиќ

0

Лепа Брена е бренд самата по себе, и во поранешна Југославија, а и пошрироко. Со години е топ тема во сите медиуми, и интересот на неа никогаш не престана.

– Јас сум многу лоша готвачка. Многу сум подобра организаторка. Готвам само ако морам или ако децата ми побараат.

Инаку, знам се да готвам. Кога бевме мали, мајка ми не учеше да месиме леб, за да не мораме надвор да одиме да купуваме кога беа силни зими.

Навечер месевме леб за да го имаме свеж за на сабајле, а преку ден правевме мекици и пити.

И ако ме прашате кој е најубавиот спомен кој веќе на себе си не можам да си го дозволам, тоа е да го замесам лебот навечер, утредента да го испечам, и потоа да го јадам со домашен путер и со оној познат џем од сливи кој во себе ги имаше и лушпите.

Некои можеби претпоставуваат дека денес нашата куќа мириса на парфеми и на некои вештачки мириси, но сепак, нашиот дом најмногу мириса на храна.

Големо семејство сме, сакаме да се собереме на маса и заедно да јадеме, тоа ни е традиција, само што јас некако се научив да живеам под рачна кочиница поради љубовта кон мојата работа и поради поччита кон моето здравје. Во овие години, треба многу повеќе да се негуваме“, рекла во едно интервју Брена.

За Женски магазин, таа исто така кажала во какви односи е со својата снааа, Александра Пријовиќ, која е сопруга на виктор, синот на нејиниот сопруг Боба.

-Таа е мојата поддршка и јас сум нејзината. Таа е нашиот нов член од семејството и ја доживувам како едно девојче кое тргна исто како и јас, од нула.

Навистина сакам да и бидам од помош и да и дадам совети кои никој не може да и ги даде. Сум го поминала целиот тој нејзин пат. Таа ја има својата мајка која и е голема поддршка, а јас можам да ја советувам за работата и за животот.

Среќа, таа е личност која следи, слуша, и ги применува работите од другите кои се добри. Не може никој да биде ничиј наследник.

Сите ние сме оригинали и секоја копија или прашање кој ќе ме наследи мене или било кој друг се непотребни. Александра е птица која пее со свој глас, а јас сум тука за се што и треба“

Врската помеѓу Лепа Брена и Александра Пријовиќ повторно е јавна тема. Минатиот викенд всушност почнаа гласини дека тие двe повторно се на дистанца.

Една слика од аеродром ја натера јавноста да се сомнева во врската на Брена и Александра.

Свекрвата и снаата се појавиле во исто време на паркингот, но наместо заедно да влезат во автомобилот и да тргнат кон Бежаија Коса, секоја си заминала со својот автомобил.

Бидејќи живеат една до друга, на многумина им беше чудно што не се вратија заедно дома.

– Брена не сака блискост и признава дека е многу подобро кога синовите имаат свој живот во сопствен стан и кога организирано се среќаваат и посетуваат.

Очигледно тој принцип го применува и на својата снаа, што всушност е рецепт за добри семејни односи. Брена не се меша со тоа што Борка, нејзината мајка често доаѓа кај нив.

Ако им одговара што им помага со детето, супер, но на Брена и се допаѓа нејзината приватност и да си го организира времето и животот како што сака – изјавил изворот за „Свет“.

Сепак, кога стигнаа дома, каде што на паркингот ги чекаа нивните сопрузи, сите се поздравија и уште еднаш јасно им ставија до знаење на сите дека во нивното семејство се е во најдобар ред.

Претходна статијаНа село, со шамија на глава- Адријана Алачки не сме ја виделе во вакво издание (ФОТО)
Следна статијаЦеца за првпат проговори зошто се плаши за Анастасија – за Немања ова ќе биде разочарување, еве зошто (ВИДЕО)