Мишко Иванов е долги години познат новинар од повеќе медиуми, а во моментов рабпти во ТВ 24, и сега е актулен по емисијата Патот до успехот.
Многу домашни и регионални доајени беа дел од неговите приказни. Од тенорот Благој Нацовски кој за прв пат ги отвори вратите на Миланската скала на една Тв куќа…
преку фудбалската легенда Горан Пандев, до последното интервју на Милена Дравиќ, Мишко Иванов има со што да се гордее во „Патот до успехот“, објави Женски магазин во една прилика.
Иванов раскажал за снимањето со мајката на упкоениот Дражен Петровиќ, која му била емотивно најтешката задача во сите емисии.
Раскажал и заа повеќечасовната дружба и специјалитетите кои екипата и тој ги дегустирале со Милена Дравиќ, но и емисијата со Винсенте Дел Боске, поранешниот тренер на „Реал Мадрид“.
Зборувал и за неговиот роден Штип и омилените штипски ритуали, и неговата најголема мотивација, сопругата Татјана Стојановска- Иванова, професор на Институтот по социологија на Филозофскиот факултет.
– Успешни приказни. Емисии кои успејаа да го најдат своето место на македонското медиумско небо.
„Патот до успехот“, покажа дека македонската публика е желна за успешни приказни, за можноста повозрасните да се потсетат на некогашни убави времиња, а помладите да дознаат каков е патот на успешните личности.
Тој никогаш не е послан со рози, бара многу одрекувања3, рекол познатиот новинар, а потоа додал:
Дефинитвно дека спомените од детството играат огромна улога. Емисијата практично ни овозможи и лично да се запознаеме и јас и тимот со личностите кои беа и се наши идоли.
Луѓе кои се идоли на многу генерации. Истовремено, емисијата нуди одлична можност на гледачите да им го доловиме и претставиме вистинскиот систем на вредности, кои за жал сега е урнисан по сите нивоа.
Сепак, во изборот на гости, често ги слушаме и желбите и сугестиите од гледачите, секако јас ги имам во вид и сугестиите од мојата сопруга.
Но, сепак одлуките ги носиме во консултација со програмскиот директор, главниот и одговорен уредник во телевизијата, тимот на „Патот до успехот“ (Александар Димитриески, Сашко Коцев).
Сметам, дека засега успеваме да го задоволиме вкусот на гледачите.
Сепак, мислам дека кога се успешните во прашање, речиси е невозможно да погрешиш со изборот на гости, иако живееме во регион каде луѓето сè ќе ти простат, но успехот никако.
– Таа практично е мојот најголем мотиватор. Полна со идеи, активна што би рекле 100 на саат“, рекол Ивамнов за својата сопруга, а потоа исто така кажал:
-Понекогаш дури знам да ѝ кажам: „Душо дај еден викенд да одмориме, да останеме дома“, а таа ќе се насмее и ќе каже:
„Ајде уште овој пат до отидеме некаде надвор од Скопје, да размениме малку, затоа што од понеделник повторно сме на работа, следниот викенд остани дома гледај фудбали цел ден, таман јас да си ја довршам книгата. Хаха.“
За риодниот град, новинарот изјавил: „Штип. Мојот роден град. Најголем дел од другарите ми се таму.
Со сите комуницираме, со дел од нив и се поврзавме кој со кумски (Драган Кузмановски, сопственик на туристичка агенција), кој со старосватски врски (Дарко Џорлев, адвокат), со некого и со деверски врски (доц. д-р Игор Пеев, пластичен хирург).
И така цело наше друштво од 20-тина луѓе се поврзавме. Штип е прекрасен град, центар на Источна Македонија, град од каде потекнуваат креаторите на независна Македонија, град кој те тера постојано да иташ кон врвот, а истовремено град кој те опушта, враќа назад во детството, младоста, град кој буди убави спомени.
Град организатор на „Макфест“, најреномираниот фестивал на забавна музика. Град кој сѐ уште живее“.
Мишко Иванов на својот Фејсбук профил објавил емотивни зборови, за својот роден град Штип, и објавил неколку фотографии од него со сопругата и со семејството.
– О доме мој, кај си доме мој, со детските сни… Многу емоции се мешаат кога ќе дојдеш во родниот град. Носталгијата е убава работа, ама сепак денес во Штип поводот е друг.
Среќен роденден Мелани Иванова. Многу радости и среќа, во новото поглавје од животот. Полнолетството носи слобода, но и обврски.
Ти сигурно ќе направиш успешен баланс, помеѓу овие две работи. Среќно“; раскажав новинрот за посетата- враќањето во родниот град поради роденден на неговата внука.