Со „Вкусот на традицијата“ секојдневно не инспирира за нови експерименти во кујната, но надвор од професионалните обврски, познатата пејачка на народна македонска музика е посветена мајка и баба.
Адријана Алачки од бракот со Горан Алачки ги има децата Грациела и Благоја, а пред неколку години стана и баба на преслатката Јана.
По тој повод, Алачки покрај фотографиите од превкусните рецепти, не заборава да сподели и слика од своето најголемо богатство.
Секогаш под фотографиите пишува искрени пораки кои ја покажуваат нејзината љубов кон најмилите.
– Моментот што ме враќа во реалноста и ме освестува… дека овде почнува и завршува се… ова е темелот… на кој што градиме секој божји ден по малку и тоа што ме држи цврство на земјата…тоа се моите деца…душата моја и мојот здив- напиша Алачки.
„Децата се мои најважни животни Гран При награди. Се друго е минливо, само децата и внуците се трајни животни дела“, изјави Андријана Алачки во едно свое интервју за порталот Женски магазин.
Таа некогаш важеше за една од најактрактивните пејачки на нашата естрада, а сега и понатаму пее, во еден објект, Етно село во Кумановско, каде што се снима „Вкусот на традицијата“.
-Најдобрите вкусови на една земја потекнуваат и доаѓаат од нејзината почва, од производите што таа ги дава“, изјави во едно интервју за strumicanet.com Адријана Алачки, нашата позната пејачка, и автор на емисијата.
-Оттука, оригиналните и автентични локални јадења секогаш се највпечатливи. Не може во Македонија да барате школки и кавијар.
Се знае што можете да добиете кај нас и сите тоа и го сакаат.
Највлијателните интернационални гастрономски судии тоа го знаат и го почитуваат.
Ја почитуваат едноставноста на нашата национална кујна, богатите вкусови, свежината на производите…
Сите тие добро знаат што можат да добијат во Македонија и тоа и го бараат да го јадат со сласт, вели Алачки во едно интервју.
Пејачката и ТВ водителка на „Вкусот на традицијата“, но и на поуто „Везилка“ на својот фејсбук – профил објави фотографија од својот син Благоја по повод неговиот роденден.
Синот на пејачката ја запроси својата сакана, а Андријана гордо се пофали со снаата Лина.
Благоја кој го наследи музичкиот талент од родителите, по професија е музичар и свири на гитара, а по повод неговиот роденденот Андријана објави фотографија од својот син со која му посака најубави желби.
Адријана Алачки објави своја слика со шамија на главата во село, и вака ја опиша оваа фотографија на која е во несекојдневно издание:
– Животот на руралната жена во општина Зелениково..кај Миланка и Петкана…Везилка“, напиша Адријана а потоа објасни: Шамија од Градовци….на гости кај Петкана и Миланка.
Везилка…..наскоро“ стоои во описот на оваа слика на нашата позната пејачка и гастрономски експерт за емисијата која се снима по разни градови низ Македонија.